Патер Ломбарди: Се предвидува средба на Папата со нунциите од Блискиот Исток

Ватиканскиот гласноговорник, отец Федерико Ломбарди, за Радио Ватикан потврди некои од иницијативите на папата Фрањо и на Светиот Престол во врска со драматичната ситуација во Ирак.

По повод испраќањето на личен претставник на Папата во Ирак, отец Ломбарди истакна дека „несомнено изборот на кардинал Филони е најсоодветен, бидејќи тој бил нунциј во Ирак и Јордан за период од шест години: во последниот период од режимот на Садам Хусеин, за време на војната и првите години по завршувањето на војната. Тој ја има докажано својата храброст и својата љубов кон ирачкото население и целиот регион”.

За иницијативите на Светиот Престол, ватиканскиот гласноговорник потврди дека „од името на Светиот Отец, сите нунции од регионот се повикани да обрнат посебно внимание на упатениот апел од Папата на 7 август и да го истакнат неговото значење и смисла како на политичките власти во земјите во кои има претставништва на Светиот Престол, така и на црковните власти, со цел организирање молитвено движење и настани за солидарност, за да се помогне на драматичната ситуација на нашите браќа и сестри и на погоденото население од оваа трагедија”.

Отец Ломбарди додаде дека „се разгледува предлог за средба во Рим меѓу нунциите од регионот и папата Фрањо, за разгледување на ситуацијата, за да разговараат за идеи и можни иницијативи и за да се изрази близината на Папата и на Вселенската Црква за актуелните проблеми. Оваа средба, најверојатно, ќе се одржи во септември “.

На прашањето за иницијативи на Светиот Престол на медиумско ниво, отец Ломбарди истакна дека „треба да се поддржи атмосферата на духовна мобилизација, молитва и солидарност, како едно од средствата кои се користат и во други слични околности, токму како што се ширењето на твитер пораките напапата Фрањо поврзани со ова прашање. Ова ќе помогне за создавање на посебен простор кој ќе е постојано чувствителен кон конкретната ситуација, ќе потсетува за актуелните проблеми и ќе ги охрабрува сите за молитва и за вршење на сите потребни настани на солидарност”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот