Во 2019 година воените вложувања достигнаа рекорден износ од 1,9 трилиони американски долари. Според мислењето на кардинал Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрлен човеков развој потребно е да се „глобализира солиданоста.“
Трошоците за оружје можат да се претворат во трошоци за помош и за здравството за да се ублажат последиците од пандемијата од коронавирусот – побара Ватиканската комисија за Ковид-19, на конференцијата за печат одржана минатата недела, со наслов „Подготви ја иднината, изгради мир во време на болеста Ковид-19.“
Општите воени трошоци во 2019 година изнесувале речиси два трилиони американски долари што е 300 биланси на СЗО. Според мислењето на кардиналот Петер Турксон прекфект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и претседател на Ватиканската комисија за Ковид -19 потребна е глобализација на солидарноста затоа што и покрај кризата предизвикана од коронавирусот и понатаму се троши на оружје.
Додека денес за воени трошоци, вклучувајќи ги и најголемите програми за нуклеарна модернизација се наменуваат износи без преседан – напоменува кардиналот – болните, сиромашните, маргинализираните и жртвите на конфликтите несразмерно се погодени од моменталната криза. Поврзаните кризи – како што е здравствената, општествено-економската и еколошката, ја зголемуваат нееднаквоста, и тоа не само помеѓу богатите и сиромашните, туку и помеѓу подрачјата на кои владее мирот, благосостојбата и еколошка правда и подрачјата на конфликти, оскудица и еколошко уништување. Без мирот не може да се дојде до оздравување – истакнува кардиналот Турксон.
Затоа – според зборовите на кардиналот – завршетокот на конфликтите е единствената можност за намалување на неправдите и нееднаквоста. Вооруженото насилство, конфликтите и сиромаштвото имено се поврзани во круг кој пречи на мирот, го поддржува кршењето на човечковите права и го кочи развојот. Освент тоа, според мислењето на кардиналот Турксон, позитивно е неодамнешното одобрение од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации за општо примирје, како и прифаќањето од страна на 170 земји апелот на Обединеите нации за прекин на огнот. Солидарност во време на криза е новото име за мирот – истакна карајот кардиналот Турксон.
Ватикан њуз/к.мк