На плоштадот Свети Петар можност за бесплатни кардиолошки прегледи за сиромашните

На плоштадот Свети Петар можност за бесплатни кардиолошки прегледи за сиромашните

Во соработка со Апостолската милостилница и римската болница „Свети Карло“ од Нанси, на 25 октомври овозможени се бесплатни кардиолошки прегледи во мобилната амбуланта на плоштадот Свети Петар. Иницијативата носи наслов „Патиштата на срцето, пат на превенција.“

Целта на иницијативата е да се пружат важни за животот, кардиолошки прегледи на оние на кои им се отежнат пристапот до нив, посебно на сиромашните од околните подрачја. Исто така се пружа солидарно присуство на оние кои често се чувствуваат осамено и напуштено.

Многу луѓе во неповолна положба, уште во 9.00 часот кога започнала работата на амбулантата дошле на плоштадот Свети Петар каде можеа до 18.00 часот да направат кардиолошки прегледи, но и воопшто лекарска консултација. Амбулантата е поставена на главниот ватикански плоштад покрај левите колонади.

Станува збор за патувачка иницијатива која за започна болницата Тиберија, а која ја промовира Италјанската фондација за срце со која сака да се зголеми свеста за добрите секојдневни практики и важноста на редовните прегледи. Најголем дел од смртните случаи во Италија ги предизвикуваат токму кардиоваскуларните болести – 35.8%. Процентите се значително повисоки за оние кои живеат на улиците, посебно кога се наоѓаат и во други здравствени проблеми.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот