Бурке: Посетата на Папата на Асизи фокусирана на милосрдието
Во целост фокусирано на милосрдието и прошката; кратко но многу силно – така новиот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке ја опиша посетата на Папата на Асизи на 4 август 2016 година.
По размислувањето во базиликата Света Марија од Ангелите, папата Фрањо ги повика свештениците и епископите да отидат во исповедилниците и да бидат на располагање за светата Тајна Помирување како што и тој самиот направи и за еден час време исповеда 19 луѓе.
Откако Папата излезе од базиликата ги поздрави собраните епископи и фрањевци, а меѓу нив беше и имамот на Перуџа со кој се задржа неколку минути во срдечен разговор. Пораката за прошка е „светска порака“ која на светот во овој момент му е потребна – рече Бурке. Папата нагласи дека понекогаш е многу тешко да се прости, но простувањето сепак треба да се направи. Пред сè Бог на нас ни прости и треба да научиме и ние тоа да го правиме – истакна новиот директор на Канцеларијата на Светиот Престол.
РВ/к.мк