Бракот не е за тебе

Бракот не е за тебе

После една и пол година во брак, неодамна дојдов до заклучок дека бракот не е за мене. Пред да почнете да претпоставувате, продолжете со читањето.

Својата жена ја запознав во средно училиште кога имавме 15 години. Бевме пријатели веќе десет години, додека… не се одлучивме дека повеќе не сакаме да бидеме само пријатели. Јас цврсто верувам дека најдобрите пријатели можат да се заљубат. Добри моменти секогаш ќе има. Сепак, заљубувањето во пријателката не ме спречи за одредени стравови околу бракот. Колку повеќе се наближувавме кон одлуката да се венчаме со Ким, толку повеќе бев исполнет со парализирачки страв. Дали сум подготвен? Дали го направив вистинскиот избор? Дали Ким е вистинската личност за да се оженам со неа? Дали таа ќе ме направи среќен човек? После, една судбоносна ноќ, ги споделив овие мисли и грижи со татко ми.

Можеби секој од нас има моменти во животот кога се чувствува како времето да забавило или пак воздухот станува таков што сѐ околу нас привлекува, обележувајќи го така тој момент кој никогаш нема да го заборавиме.

Мојот татко ми даде одговор на моите грижи токму така како што ми требаше во тие моменти. Со неговата добро позната насмевка ми рече: „Многу си себичен. Ќе ти одговорам едноставно: Бракот не е за тебе. Не се жениш за да се усреќиш себе си, туку ти некого да го направиш среќен. Дури повеќе од тоа, твојот брак не е само за тебе, се оженуваш за семејството. Не само за вршење и исполнување на законите и сите тие глупости, туку и за своите идни деца. Кој ќе ти помогне во воспитувањето на децата? Бракот не е само за тебе. Овде не се работи само за тебе. Бракот е во личноста за која што се жениш.“

Тоа беше во моментот кога знаев дека Ким е вистинската личност за венчание. Тогаш сфатив дека сакам да ја направам среќна, дека сакам да ја гледам нејзината насмевка секој ден и да ја насмевнувам секој ден. Сакав да бидам дел од нејзиното семејство, и моето семејство, сакав таа да биде дел од нашето. Гледајќи сега наназад, додека си игра со нашите ќерки, знам дека Ким е личноста со која би сакал да го градам сопственото семејство.

Советот од мојот татко беше шок и откровение. Советот одеше против струите на денешната „walmart philosophie“ – ако купената работа не те прави среќен, можеш да ја вратиш и да добиеш нова.

Но, вистина е дека во бракот (и вистинската љубов) никогаш не се работи за тебе. Се работи за личноста која ја сакаш – желбите на таа личност, нејзините потреби, надежи и соништа. Себичноста се прашува: „Што има овде за мене, ако ја земам кај себе?“, додека љубовта прашува: „Што можам да ѝ дадам?“.

Пред некое време, жената ми покажа што значи несебична љубов. Неколку месеци моето срце беше со многу стравови и огорченост. Подоцна, откако притисокот порасна до мерка која ниту еден од нас не можеше да ја поднесе, емоциите излегоа. Сфатив: бев бесчувствителен. Бев себичен.

Но, наместо да одговори со себичност на мојата себичност, Ким покажа нешто преубаво – излив на љубов. Ги одложи сите болки и неволји кои што и ги предизвикав. Таа со љубов ме прегрна и ја смири мојата душа.

Сфатив дека сум заборавил на татковиот совет. Додека страната на Ким во бракот ја изразуваше љубовта, од моја страна се работеше само за мене. Оваа грозно сознание ме доведе до солзи. Тогаш самиот себеси си ветив дека ќе се обидам да бидам подобар кон својата жена.

За сите кои го читаат овој текст – дали се оженети или се малку време во брак, самец, или си дури и заколнат на неженење и немажење – сакам да знаеш дека бракот не е за тебе. Ниту еден вистински однос на љубовта не е за тебе. Смислата на љубовта се наоѓа во личноста што ја сакате.

И, парадоксално, колку повистински ќе ја љубиш таа личност – повеќе љубов ќе добиваш. И тоа не само од неа и нејзините познаници, туку и од нивните пријатели и нивните семејства и илјада други кои што никогаш не би ги ниту запознал ако твојата љубов би била себична.

Навистина, љубовта и бракот не се за тебе. Тоа е за другите.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот