Бракот е ремек дело на Создателот

Зад казуистиката секогаш се сокрива замка; за нас и за Бог – рече папата во проповедта на 28 февруари на светата Литургија во капелата на домот Света Марта, осврнувајќи се на делот од Евангелието, во кое се истакнува убавината на бракот и предупреди дека оние, кои ја искусиле пропаста на сопствениот брак, не треба да се осудуваат.

Познавачите на законот настојуваат да му постават замка на Исус, со цел да му го одземат „моралниот авторитет“, рече Папата коментирајќи го фарисејкото прашање за разводот на бракот. Фарисеите секогаш постапуваат исто: допуштено ли е или не? – забележа Папата.

Секогаш мал случај. А тоа е замка: во позадина на казуистичкиот начин на размислување секогаш се сокрива замка – секогаш – против народот, против нас и против Бог! Дали е допуштено да ја остави човек својата жена? Исус одговара со противпрашање: Што ви заповеда Мојсеј?, и објаснува зошто Мојеј напиша таков закон. И не запре на тоа, туку од казуистика поминува во сржта на проблемот и сите ги повикува на Создавањето. Убаво кажува Господ: На почетокот од создавањето Бог ги создаде машко и женско, поради што човекот ќе ги остави мајката и таткото свои и ќе се прилепи за жената, од две тела ќе стане само едно. Така повеќе не се две, туку само едно тело – потстеи папата Фрањо.

Бог не сакаше само машко, туку му создаде и другарка. Многу е убава средбата меѓу Адам и Ева, тоа е почеток на љубовта: одете заедно како едно тело. Од друга страна – објасни Папата – Божјото ремек дело не е довршено во почетокот на Создавањето, бидејќи Господ се послужи со таа сикла за да ја објасни својата сопствена љубов кон избраниот народ. Кон неверениот народ, Бог се обраќа со зборови на љубов. Господ го зема ремек делото на Создавањето за да ја објасни љубовта кон својот народ – рече Светиот Отец објаснувајќи:

Чекор понатаму, кога Павле има потреба да го објасни Христовото таинство, користи слика за свршеница: бидејќи Христос е Свршеникот; свршен е со својата Црква, својот народ. Како што Бог се сврши со Израелскиот народ, така и Христос се сврши со својот народ. Тоа е историја на љубовта и на Создателот: ремек дела. А пред таа љубов, пред таа слика, казуистиката паѓа и останува болката. Кога тоа напуштање на татко и мајка и прилепување за жената; тоа настанување на едно тело и заедничко одење не успее, кога ќе пропадне таа љубов – бидејќи често не успева – затоа што треба да чувствуваме болка и да ги придружуваме тие луѓе, да не ги осудуваме! Треба да чекориме со нив! И од нивната ситуација да не создавме казуистика – предупреди Светиот Отец.

Кога некој ова го чита, продолжи Папата, тогаш размислува за овој план на љубовта, за заедничкото чекорење во љубовта во христијански брак, кој го благослови Бог во своето ремек дело на Создавањето. Тој благослов никогаш не е отповикан, ниту пак го уништи источниот гре.  Кога некој размислува за тоа, се гледа колку е убава љубовта, колку е убав бракот, семејството. Чекорење во љубовта, и колку љубов и близина треба да покажеме кон браќата и сестрите кои во животот ја искусиле несреќата од неуспешната љубов. Повикувајќи се на свети Павле, Папата ја истакна убавината на „љубовта, која ја покажува Христос кон својата свршеница, Црквата.“

И тука треба да бидеме претпазливи за да не пропадне љубовта. Христос се сврши за Црквата и не можеме да го сфатиме без Црквата, ниту Црквата без Христос. Ова е големо таинство на ремек делото на Создателот. Господ нека ни даде милост да го сфатиме и никогаш да не попримиме казуистичко однесување на фарисеите и познавачите на законот – рече на крајот Папата.

РВ/го*ко

 

Категорија: Ватикан

За авторот