На крајот од молитвата на Царице небесна, во недела 22 мај 2022 година, папата Фрањо потсети на претстојниот празник на Пресвета Богородица, Помошничка на христијаните, која е посебно се чествува во Кина како нивен заштитник, во светилиштето Шешан во Шангај и низ целата земја.
Ова е прекрасна можност, рече Папата, како повторно би ги уверил верниците во таа земја за неговата духовна близина. Со внимание и посветеност го следам често сложениот живот и случувањата со верниците и паросите и се молам за нив секој ден, рече Папата.
Ве повикувам да се придружите на оваа молитва, рече Папата, за Црквата во Кина, во слобода и мир, да живее во делотворно заедништво со универзалната Црква и да го врши своето послание, навестувајќи го Евангелието на сите, нудејќи на тој начин позитивен придонес за духовниот и материјалниот напредок на општеството.
Ватикан њуз/к.мк