Блаженства на ѓаволот
Осум блаженства од Евангелието нудат патоказ за вистински живот според верата во Исус Христос. Кога ѓаволот за кој денес многу малку се слуша, би ги напишал своите блаженства, тие би изгледале отприлика вака:
Блажени се оние кои се преуморни, презафатени или премногу работни за да можат да присуствуваат еден час на неделната света Литургија и да бидат во заедништво со своите браќа и сестри христијани – тие се мои работници.
Благословени се христијаните кои чекаат да ги молат и кои очекуваат благодарност – тие ми се корисни
Благословени се оние кои се прават дека знаат и можат сѐ, бидејќи тие ќе престанат да одат на света Литургија – тие се моите мисионери.
Благословени се оие кои се премногу религиозни, но сите ги нервираат – тие засекогаш ми припаѓаат на мене.
Благослвоени се оние кои предизивкуваат неволји во црковната заедница – тие ќе се наречат мои деца.
Благословени се оние кои немаат време за молитва – тие се мој лесен плен.
Благослвоени се оние кои постојани се незадоволни – јас секогаш ги слушам.
Благослвоени сте вие, кои читајќи го ова, мислат дека сето ова се однесвуа за некој друг, а не за вас – ВЕ ПОСЕДУВАМ.