Битола: Обнова за заветите

Битола: Обнова за заветите

На 24 март 2018 година Ќерките на христијанската љубов на Свети Винко Павелски (Усмиленки), с. Љубица, с. Розалија и с. Слободанка, во својата манастирска капела во Битола го обновија своето предавање на Бог преку заветите на чистота, послушност и сиромаштво, како подобро би служиле на Христос во сиромасите.

Парохот Шекерија го предводеше евхаристиското славаење. Во проповедта јасно истакна за суштината и важноста на секој завет посебно. После служба на словото, сестрите ги обновија заветите и одлучија со Божја помош уште порадикално да ги живеат крштелните ветувања. После светата Миса следуваше заедништво и агапе. На ова славење присуствуваше и богословот Војтек Власло.

Во суштина служењето на оние во потреба е првиот завет на сестрите Ќерки на христијанската љубов. Класичните евангелски совети ги прави да бидат слободни за потребите на Општеството – служење на Христос на луѓето од периферијата, отфрлените… а на сестрите на христијанската љубов не треба да им е непознато сиромаштвото, туку напротив тие одат во пресрет на секоја човечка беда.

И покрај тоа што заветите во веќе вечни, тие секоја година ги обновуваат според желбата на нивната основателка, како со слободни срца би продолжиле да служат со нов жар. Во таа пригода дон Павао Шекерија во петокот пред светата Тајна Исповед зборуваше за Духовниот завет на сооснователката, света Лујза де Марилак која го даде пред својата смрт (15 март 1660), а кој содржински е многу богат.

„Мои драги сестри, продолжувам да молам од Бог благослов за вас, и го молам да ви даде милост на постојаност во повикот за да му служите така како што Тој очекува од вас. Со голема ангажираност служете на сиромашните, пред сѐ настојувајте да живеете заедно во големо единство и срдечност, љубејќи се една со друга наследувајќи го единството и животот на нашиот Господ. Молете ја Пресвета Богородица да биде ваша единствена Мајка (Света Лујза де Марилак)

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот