Во парохијата Пресвето Срце Исусово во Битола од есента мината година е започнат акција за уредување на Католичките гробишта во Битола, која е во организација на парохот дон Паво Шекерија во заедништво со верниците од парохијата. По тој повод остварена е соработка со Комуналната инспекција на Општина Битола со цел да се заштити оградниот ѕид, кој поради обраснатите дрвја го загрозуваа ѕидот и надгробните споменици.
Соработката со Комуналната инспекција резултираше со активност на службите, дадени се упатства за понатамошната постапка и во најскоро време се очекува успешно да заврши оваа акција.
Пред празникот „Сите светии“ верниците заедно со парохот дон Паво Шекерија организраа акција за чистење на Католичките гробишта во Битола.
Дон Паво Шекерија е именуван за парох во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола во септември минатата година.
к.мк/Перо Димитровски