Скопскот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов на 22 декември 2020 година упати честитка до новоименуваниот которски бискуп Иван Штироња. Честитиката ја пренесуваме во целост.
Драги новоименувани бискупе монсињор Штироња
На овој начин во свое име, како и во име на Црквата во Македонија која е доверна на моето служење, Ви ја упатувам мојата честитка за довербата од Светиот Отец папата Фрањо, што ве вброи во апостолскиот збор и ве именува за бискуп на Котор.
Бидејќи вашето именување доаѓа пред прославата на божиќното таинство – Христовото раѓање, кое е дар од небото за човештвото, во тој дух го гледам и вашето одење во которската Црква како прекрасен дар и свечен знак.
Со радост се сеќавам на Вашето доаѓање на нашите бискупии во Македонија и мисионерската љубов која Ве краси кон Црквата, сакам тоа искуство на послание до Господ да биде за радост на верата на таа мала, но древна Црква.
Црквата која Ве испраќа на ова одговорно место мајчински Ви доделува и посебен застапник во оваа Година на Свети Јосиф, затоа „не плаши се“ Иване да појдеш во Котор и со татковско срце (Patris corde) да ја љубиш Црквата.
Молејќи застапништво за Вашата нова служба од свети Јосиф и од Мајка Тереза, која ви е драга, братски Ве поздравувам!
+ Киро Стојанов
Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх