Бискупот Стојанов се сретна со г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин

Бискупот Стојанов се сретна со г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов посетата во Германија ја заврши со средба со г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин, поранешен претседател на Германската малтешка служба за помош. Средбата се се одржа во недела 26 мај 2024 година во просториите на парохијата Свети Ѓорги“ во Ајтерфлед.

Во пријатниот и срдечен разговор епископот Стојанов го запозна г. Константин фон Бранденштајн – Цепелин со животот на Црквата во Македонија, посебно осврнувајќи се на активностите на Македонски Каритас.

На средбата двајцата соговорници ја истакната желбата за соработката и унапредување на односите.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот