Монс. Ауза: Католичките унверзитети да ја формираат личноста за вистината и доброто

Монс. Ауза: Католичките унверзитети да ја формираат личноста за вистината и доброто

Монс. Бернардито Ауза постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Њујорк, рече дека миграциите се предизвик посебно за католичките универзитети кои имаат морална обврска да ја формираат личноста способна за упоравување со тој феномен во солидарност.

Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Њујорк, минатата недела одржа говор на католичкиот факултет „Manhattan College“ во кој се фокусираше на моралната одговорност на универзитетите во одговорот на кризата со бегалците. Притоа го цитираше Хаим Гинот, психотерапеут кој го преживеал холокаустот и во 70-тите години напишал писмо до наставниците во кое наведува дека ги видел гасните комори кои ги проектирале инжинери, деца кои биле труени од образовани лекари и новороденчиња кои ги убивале професионални медицински сестри. Спомнатото писмо на Хаим Гинот завршува со зборовите: „Читањето, пишувањето и аритметиката се важни работи само ако служат за тоа нашите деца да бидат похумани.“

Надбискупот Ауза исто така се осврна на зборовите со кои папата Фрањо пред една година го поттикна Меѓународното здружение на католички универзитети на истражување на феноменот миграција, на обука за мигрантите, оспособување на стручни пасторални соработници и привлекување на вниманието на јавноста за мигрантите. Потоа надбискупот потсети на основната мисија на католичките универзитети која не е само развивање на когнитивната способност на учениците, туку треба да се обучат за вистина и добро и за признавање на сопственото и достоинството на другите.

Додека поголемиот дел од светот е тешко погоден од разни економски, политички, еколошки и демографски кризи, а индивидуализмот, хедонизмот и релативизмот го сведуваат човекот на зависник или потрошувач, клучната цел на католичките универзитети е градењето на поправеден и похуман свет – рече надбискупот Ауза.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот