Бискупот Стојанов се сретна со академикот Серафимовски

На 28 мај 2015 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов гопосети академскиот скулптор Томе Серафимовски во неговото аетлје во Скопје.

Во пријатен и срдечен разговор бискупот Стојанов и академик Серафимовски се присетија на нивниот престој во Ватикан и средбата со папата Бенедикт XVI, при што му поклонија на Ватикан и Папата скулптура на блажена Мајка Тереза.

Академик Серафимовски му подари на бискупот Стојанов уметничко дело за неговата нова резиденција, кое е направено по примерот на „Охридскиот крст“ од 17 век, како и скулптура на свети Павле апостол. Бискупот се заблагодари на академикот Серафимовски за даровите и на срдечната средба и му посака Божји благослов во животот и работата.

к.мк/д.Д.Т.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот