Бискупот Стојанов и државниот секретар на МНР Димовски одржаа прес конференција по повод посетата на Папата

Бискупот Стојанов и државниот секретар на МНР Димовски одржаа прес конференција по повод посетата на Папата

По повод посетата на папата Фрањо на Македонија, бискупот Стојанов заедно со државниот секретар Виктор Димовски одржа прес конференција

Во четврток 21 март 2019 година во НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ во Скопје се одржа прес конференција по повод посетата на Светиот Отец, папата Фрањо на Македонија, а зборуваа бискупот Стојанов и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.

Во своето обраќање епископот Стојанов најпрво поздравувајќи ги новинарите истакна дека е свесен за големината на овој настан и за Црквата и за државата, како и пораките кои ќе се испратат, а тоа зависи и од медиумите, при што истакна дека воопшто не се сомнева во посветеноста на новинарите, квалитетот на известувањето и уште повеќе на нивната максимална ангажираност.

Епископот Стојанов истакна дека посетата на папата Фрањо на Македонија, всушност е посета на Црквата, затоа што тој е поглавар на Католичката црква, но воедно и посета на државата затоа што е и државник.

Посетата на папата Фрањо е апостолско, а има за цел да донесе духовни плодови. По тој повод епископот Стојанов информира дека упати Пастирско писмо до верниците, во кое ја објаснува важноста на молитвата во подготовката за посетата на Светиот Отец. На крајот од Пастирското писмо се дадени конкретни упатства, како што се секојдневна молитва, отпечатени се слики со ликот на Папата и молитвениот текст, одредено е во секоја парохија во еден ден од седмицата да има т.н. Папски ден, кога верниците ќе се собираат на молитва, обожавање на светата Причест, читање на Светото Писмо, катехези или некои други молитви. Со ова сакаме да бидеме духовно подготвени за посетата на папата Фрањо не биде само манифестација, туку духовен настан, кој ќе вроди плод.

Монс. Киро Стојанов информира дека после протоколот со државата, Светиот Отец ќе ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза, каде ќе се одржат две средби: со верските лидери и со сиромашните

Монсињор Стојанов го истакна централниот дел од посетата на Папата, а тоа е Светата Литурија на централниот плоштад, која е најсвет момент, средба на Бог со човекот.

Од екуменската и меѓурелигиската средбата на младите со Папата, епископот Стојанов истакна дека очекува да биде охрабрување за соживот и соработка на младите генерации без поделба по вера и нација.

На крајот епископот Стојанов зборуваше за средбата со свештениците, нивните семејства и чесните сестри, како и плодовите кои се очекуваат за верниците од посетата на Папата.

Државниот секретар ги информира новинарите за посетата на Папата поврзани со државниот врв, претседателот, премиерот и граѓанското општество.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот