Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик

Скопскиот бискуп и Стримичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во петок 15 септември 2023 година во бискупската резиденција на Водно во протоколарна посета го прими амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.

Во пријатна и срдечна атмосфера бискупот Стојанов го запозна полскиот амбасадорот за животот и активностите на Католичката црква во Македонија. Соговорниците зборуваа и за теми од заеднички интерес и можностите за унапредување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот