Отец Бернардо Франческо Марија Џијани, поглавар на опатијата Сан Минијато ал Монте во Фиренца, ќе ги води духовните вежби за Великиот псот за папата Фрањо и членовите на Римската курија, кои ќе се одржат од 10 до 15 март во Домот на Божествениот Учител во Аричи, недалеку од Рим.
Папата Фрањо повика еден бенедиктинец – оливетанец да ги одржи размислувањата за време на духовните вежби. Станува збор за Отец Бернардо Франческо Марија Џијани, а тема ќе биде „Град на горливи желби“ За воскресните погледи и гестовите во животот на светот.
Духовните вежби ќе започнат во недела во попладневните часови. Од понеделник до четврток ќе има две медитации дневно, а во петок 15 март ќе биде одржана само една медитација, после која Светиот Отец и членовите на Римската курија ќе се вратат во Ватикан, Секој ден ќе започнува со света Миса, а ќе завршува со Вечерна молитва и евхаристиско обожавање. За време на духовните вежби папата Фрањо нема да има никакви аудиенции, па така ќе изостане и енералната аудиенција во среда 13 март, ден кога папата Фрањо слави шест години од неговиот избор за Папа.
Отец Бернардо Франческо Марија Џијани е роден 1968 во Прат. Тој е приор во опатијата Сан Манијато ал Монте од 2009 година, а опат од 2015 година. Бил член на одборот за подготовка на Националниот конгрес на Црквата во Италија, кој се одржа во Фиренца во 2015 година, а кој опфаќаше и посета на Папата во ноември истата година.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Духовни вежби на папата Фрањо и Римската курија
Клучни зборови: папа Фрањо, Римска курија, духовни вежби, Аричи