Вештачка интелигенција, тема за Денот на социјалните комуникации

Вештачка интелигенција, тема за Денот на социјалните комуникации

Папата Фрањо ја избра темата за 58. Светски ден на комуникации, кој ќе се слави следната година. „Важно е да се насаочуваат алгоритмите за да се има одговорна свест во користењето и развојот на овие различни форми на комуникација кои ги надополнуваат оние на социјалните медиуми и Интернетот.

„Вештачката интелигенција и мудроста на срцето: кон целосна човечка комуникација“. Ова е темата што папата Фрањо ја избра за 58. Светски ден на социјалните комуникации, кој ќе се одбележи во 2024 година. Ова го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, нагласувајќи дека „еволуцијата на системите за вештачка интелигенција ја прави комуникацијата преку и со машините сè поприродна, така што станува сè потешко да се разликува пресеметката од мислата, јазикот направен од машина од јазикот создаден од човекот.

„Како и сите револуции, така и оваа заснована на вештачка интелигенција поставува нови предизвици, како машините не би придонесувале за систем на дезинформации од големи размери и да не ја зголемат осаменоста на оние кои се веќе сами, лишувајќи нè од онаа топлина, која може да ја даде само комуникацијата меѓу луѓето“, стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

„Важно е – се нагласува – да се насочува вештачката интелигенција и алгоритмите, така што секој ќе има одговорна свест за употребата и развојот на овие различни форми на комуникација кои ги надополнуваат оние на социјалните медиуми и Интернетот. Потребно е комуникацијата да биде ориентирана кон поисполнет живот на човечката личност“.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот