Бдеење во пресрет на Светскиот Ден на Млади

„Одете и научете ги сите народи“ (Мт.28,19)

Радово, 02.6.2013 /к.мк/ – Под знакот на официјалното гесло во Радово на 01 јуни 2013 се одржа – Бдеење во пресрет на Светскиот Ден на Млади. Средбата на млади, поточно „Денот на Млади“ оваа година ќе се одржи во Рио де Жанеиро – Бразил. Младите од Македонија се подготвуваат за тој светски настан кој од 1986 година се одржува по иницијатива на тогашниот Папа блажен Иван Павле II. Големиот папа Иван Павле кој остави неизбришиви траги на човештвото, го остави и оваа наследство, кога на едно место се собираат младите од целиот свет.

Бразил е далеку, мал број на млади од Македонија ќе можат да си го дозволат патувањето во таа јужноамериканска држава, па затоа Неговото Високопреосвештество д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија, во соработка со свештенството и младите од парохиите одреди во исто време кога Неговата Светост папата Фрањо ќе биде со младите во Бразил, молитвено да се соединат и младите од нашата земја, последниот викенд од месец јули. За место на собирот е одредена парохијата Нова Маала.

Младите во Радово веќе два месеца духовно се подготвуваат за тој голем настан, со своја програма кои тие сами во согласност со програма на СДМ и соработка со својот парох ја реализираат. Така и во сабота навечер на први јуни во полна црква се собраа на заедничка молитва и дружење. Воедно младите од парохијата Радово се и активни во заедничките проекти со останатите католички парохии во Апостолскиот егзархат. Така на заедничкото саботно бдение преку својот парох о. Зоран го најавија своето учество на средбата во Секирник на 09 јуни 2013 г.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<