А ти? Што ќе направиш ти за посланието на Црквата?

Пристигнувајќи во саботата на 26 јули во попладневните часови по средноевропско време во Филаделфија градот на Светската средба на семејства, папата Фрањо во катедралата посветена на свети Петар и Павле славеше света Литургија со епископите, свештениците, монасите и монахињите.

Еден од денешните големи предизвици за Црквата е да се помогне на верниците да развијат чувство на лична одговорност во посланието на Црквата – истакна Папата во проповедта. Историјата на Црквата во овој град и во ова земја – додаде Светиот Отец – зборува за бројни генерации, католици кои се заземале и кои оделе на перифериите и основале заедници за богопочитување, воспитание, каритативна работа и општо за служење на општеството.

Таа историја освен во бројните светилишта се гледа и во настојувањата на свештениците, монасите и монахињите и лаиците кои посветено во текот на повеќе од два века се грижеле за духовните потреби на сиромашните, мигрантите, болните и затворениците. Тоа се гледа и во стотици училишта во кои монасите и монахињите ги учеле децата да читат и пишуват, да Го сакат Бог и ближниот и како добри граѓани да придонесуваат за животот на општеството на САД. Сето тоа е големо наследство кое сте го примиле и кое сте повикани да го збогатите и да го пренесете на другите – истакна Светиот Отец.

Земајќи го примерот на света Катерина Дрексел една од големите светици која ја дала тамошната Црква, папата Фрањо потсети на средбата на таа светица со папата Леон XIII на која света Катарина сакала да го запознае Папата со потребите на мисијата. Папата Леон XIII кој бил многу мудар намерно ја прашал: А ти? Што ќе направиш ти?“ Тие зборови го промениле животот на Катарина – објасни папата Фрањо – бидејќи ја потсетиле дека секој христијанин маж и жена преку крштението примил послание. Секој од нас треба на најдобар можен начин да одговори на Господовиот повик за да го гради Неговото Тело, Црквата.

„А ти?“ се зборовите упатени на младата жена со големи идеали кои го промениле нејзиниот живот – повторно истакна Папата и рече – Колку млади во нашите парохии и училишта негуваат исти идеали, великодушност на духот и љубов кон Христос и Црквата! Им даваме ли простор и им помагаме ли да ја остварат нивната задача? – праша Светиот Отец. Наоѓаме ли начин како нивниот занес и нивните дарови да ги споделиме во нашите заедници најмногу во милосрдните дела и во вниманието кон другите? Ја споделуваме ли со нив својата радост и занесот во служењето на Господ? – праша Папата и истакна – Еден од големите предизвици за Црквата во овој момент е да се направи кај сите верници да се развие чувството за лична одговорност во посланието на Црквата.

„А ти?“ Значајно е што Папата тие зборови ги упати на еден лаик – уште еден аспект кој го истакна папата Фрањо и рече – Знаеме дека иднината на Црквата во општеството кое брзо се менува, веќе сега бара активно учество на лаиците. Затоа нашиот предизвик денес – според зборовите на Папата – е на цврсти темели да се изгради и да се помогне да се развие чувството за соработка и заедничка одговорност во планирањето на иднината на парохиите и институциите. Тоа на посебен начин значи да се цени неизмерниот придонес кои жените, лаици и монахињите го дале и кои продолжуваат да го дават во животот на нашите заедници – рече папата Фрањо и ги поттикна присутните да ја обноват радоста од првата средба со Исус и од неа да црпат обновена верност и сила.

Осврнувајќи се на крајот за Светската средба на семејствата, Светиот Отец ги повика свештениците, монасите и монахињите да размислуваат за своето служење на семејствата, свршениците кои се подготвуваат за брак како и на своите млади. Ве молам искрено да молете за семејствата како и за одлуките на следната синода за семејството – нагласи папата Фрањо и побара застапништво од Марија, Пресветата Мајка за Црквата во Америка.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот