Архиепископот Крајевски погреба бездомник
Папскиот застапник на сиромашните, архиепископот Конрад Крајевски во вторник 28 јануари погреба еден бездомник. Се работи за 31 годишен полски бездомник, кој починал како резултата на насилство. На погребението во полската национална црква Свети Станислав во центарот на Рим присуствуваа голем број бездомници.
Архиепископот Крајевски во име на Папата се грижи за луѓето, кои живеат на римските улици. Меѓу другото тој и лично ги снабдува со прехрамбени производи. Пред две седмици архиепископот Крајевски во Рим погреба еден бездомник, кој умре од студ.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан