Папата Фрањо, во недела 29 декември 2024 година, говорот пред молитвата Ангел Господов ја посвети на важноста на дијалогот во семејството. Појдовна точка за размислување на таа тема ја зема од неделното евангелие по Лука, кој го прикажува настанот во кој Марија и Јосиф го бараат Исус и го наоѓаат во храмот.
Папата Фрањо говорот пред молитвата Ангел Господов го посвети на важноста на дијалогот во семејството. Појдовната точка за размислување на таа тема ја зема од неделното евангелие по Лука. Го прикажува настанот во кој Марија и Јосиф го бараат Исус и го наоѓаат во храмот. Со оглед на ситуацијата во која се најде Светото семејство, Папата наоѓа сличности со секое семејство и динамиката на неговото постоење.
Вообичаено е искуството на семејство во кое моментите на спокојство се менуваат со драматични моменти. Изгледа како настан од модерна семејна криза, за кризата на нашето време, за тежок тинејџер и двајца родители кои не го разбираат.
Размислувајќи за таквата реалност, Папата забележа дека Светото семејство може и треба да биде модел за секое друго семејство поради меѓусебното разбирање и дијалог.
Тоа е семејство кое води дијалог, кое слуша, кое зборува. Дијалогот е важен елемент за семејството! Семејството кое не комуницира не може да биде среќно семејство. Убаво е кога мајката не почнува со прекор, туку со прашање. Марија не обвинува и не осудува, туку се обидува да разбере слушајќи.
Иако Марија не го сфаќа Исус, папата Фрањо го истакнува нејзиното трпение и му дозволува на Исус да објасни и го препознава почитувањето како основа за добар однос.
Во семејството поважно е да се слуша отколку да се разбира. Да се слуша значи да се даде важност на другиот, да се признае неговото право на постоење и независно мислење.
На крајот, Папата го посочи местото каде најпрвин се одржува средбата на семејството, а тоа е трпезата. Преку дружење на масата, за време на оброк, членовите на семејството си дозволуваат себеси, но и на другите да имаат можност да се запознаат, да се разберат и да растат.
Убаво е да сме заедно на маса и да разговараме. Ова може да реши многу проблеми, а пред сè, поврзува генерации: децата разговараат со своите родители, внуците разговараат со своите баби и дедовци. Никогаш не смееме да останеме затворени во себе или, уште полошо, да ги наведнуваме главите над мобилните телефони. Така не функционира… никогаш, никогаш. Разговaрајте, слушајќи се еден со друг, тоа е дијалог кој е добар и помага да растеме!
Ватикан њуз/к.мк