Папата Фрањо крсти 32 деца

Исус немаше потреба да биде крстен, но првите теолози говорат дека во крштението – со своето тело и божество – ги посвети сите води за да тие имаат моќ за Крштение – рече Светиот Отец во проповедта за време на евхаристиското славење на празникот Крштение Господово, на 12 јануари, во базиликата Свети Петар, во чиј рамки беше предвидено и крштение на некои деца. Потоа – продолжи Папата – пред да се вознесе на небото, Исус ја даде заповедта да одиме во светот и да крштеваме. Од тој ден, па сѐ до денешниот, се протега овој непрекинат ланец: Децата се една алка од тој ланец. Вие родители имате син или ќерка за крштение, но за неколку години тие ќе имаат свои деца за крштение и таков е ланецот на верата. Но што значи тоа? – праша Светиот Отец и продолжи:

Само ова сакам да ви го кажам: Вие сте оние кои ја пренесуваат верата; преносители; ваша е должноста на овие деца да им ја предадете верата. И тоа е најубавото што можете да им го оставите во наследство: верата – рече папата Фрањо. Само тоа. Понесете ја со себе во вашите домови оваа мисла: Треба да бидеме преносители на верата. Мислите на тоа; секогаш размислувајте како да им ја пренесете верата на децата – поттикна папата Фрањо и продолжи:

Денес пее хорот, но најубав хор е детската врева… Некои меѓу нив плачат, бидејќи не им е комотно или пак се гладни: ако се гладни, мајки дадете им да јадат; само мирно, бидејќи тие се главни (протагонисти). Сега свесни на ова ќе продолжиме со обредот крштение – рече Светиот Отец и пристапи кон крстилницата.

Светиот Отец крсти триесет и две деца од Рим, родени во последните неколку месеци од 2013 година.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот