Ангел Господов: Не бидете рамнодушни кон корупцијата

Ангел Господов: Не бидете рамнодушни кон корупцијата

Човек не треба да ги користи добрата само за себе, туку да создаде социјално пријателство и да се грижи за најслабите: ова е учењето на Исус во евангелскиот дел што го коментира папата Фрањо во недела 18 септември 2022 година, пред молитвата Ангел Господов. Во центарот е параболата за нечесниот настојник – ние христијаните често се прогласуваме за жртви, вели Папата, но наместо тоа мора да бидеме креативни, никогаш резигнирани или рамнодушни за корупцијата, која доминира во светот.

Во Евангелието за неделната Литургија, Исус ја раскажува приказната за корупцијата. Евангелистот Лука ја раскажува параболата за нечесниот настојник кој краде од својот господар, а потоа, кога ќе биде откриен, ја користи својата итрина за да се извлече од неа. Папата Фрањо се запраша „во што се состои лукавството и што сака Исус да ни каже?

Исусовиот повик да бидеме креативни, будни и внимателни

Папата ја истакна снаодливоста на настојникот кој соочен со ризикот да ја изгуби работата ги користи сите свои вештини, „не изиграва жртва“, не се препушта на судбината, туку бара решение. Исус со тоа ги провоцира своите, велејќи дека „зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината“, истакна Папата.

„Односно, се случува оние кои се одат во темнина, според одредени светски критериуми, да знаат да се снаоѓаат и среде неволји, да знаат да бидат попаметни од другите; наместо тоа, Исусовите ученици, тоа сме ние, понекогаш спијат или сме наивни, не знаеме да бараме начини за излез од тешкотиите самоиницијативно. На пример, мислам на моменти на лична, социјална, но и црковна криза: понекогаш дозволуваме да нè совлада обесхрабрувањето или паѓаме во поплаки, прогласувајќи се за жртви. Наместо тоа – вели Исус – треба да се биде прониклив за Евангелието, да се биде буден и внимателен во согледувањето на реалноста, да се биде креативен во барањето добри решенија, за нас и за другите.

Добрата да се користат за да се промовира братството

Има и друго прашање на кое папата Фрањо се обиде да одговори: „во што се остои лукавството на настојникот?

Нудејќи им попуст на оние што му се должници, тој се спријателува со нив, надевајќи се на нивна помош кога господарот ќе го исфрли надвор. Исус овде нè учи како треба да ги користиме нашите имоти: „направете пријатели од нечесно богатство, та кога ќе го снема, да ве примат во вечните шатори“.

„За да го наследиме вечниот живот, значи, не е неопходно да се собираат добра од овој свет, туку се рачуна милосрдието што ќе го живееме во нашите братски односи. Затоа, такови е и Исуовиот повик: Не користете ги добрата од овој свет само за себе и за својата себичност, туку искористете ги за да создадете пријателства, да создадете добри односи, да дејствувате во љубов, да промовирате братство и да се грижите за најслабите“.

Не бидете рамнодушни кон корупцијата и нечесноста

Папата Фрањо истакна дека во светот денес има многу корупција, нечесност, „неправедни политики, себичност кои доминираат во изборот на поединци и институции“. Но, ние христијаните не смееме да се обесхрабруваме или уште полошо „да останеме рамнодушни“.

Напротив, повикани сме да бидеме креативни во правењето добро, со разумноста и остроумноста на Евангелието, користејќи ги добрата на овој свет – не само материјалните, туку и сите дарови што ги добивме од Господа – не за да се збогатиме, туку да се поттикне братска љубов и социјално пријателство, заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот