Ангел Господов: Да дозволиме Христос да го преобрази нашиот живот

Драги браќа и сестри, добар ден!

Многу одамна Црквата во Рим го слави празникот на апостолите Петар и Павле на истиот ден 29 јуни. Верата во Исус Христос ги направила браќа, а со мачеништвото станале едно.
Свети Петар и Павле толку различни еден од друг на човечки план лично биле избрани од Господ Исус и одговориле на повикот и го понудиле целиот својот живот. И кај двајцата Христовата милост направила големи работи, ги преобразила. А како само ги преобразила! Симон го негирал Исус во драматичниот момент на страдањето; Савле тешко ги прогонувал христијаните. Но, и двајцата ја прифатиле Божјата љубов и дозволиле да ги преобрази Неговата милост; така станале пријатели и апостоли Христови. Затоа тие и понатаму зборуваат на Црквата и до ден денес ни го покажуваат патот на спасението. И ако случајно паднеме во најтешки гревови и во најголемата темнина, Бог е секогаш способен за да ја преобрази нашата темнина во светлината на зората. Бог е таков: нѐ преобразува, секогаш ни простува, како што направи со Петар и како што направи со Павле.

Делата на светите Апостоли ги покажуваат бројни црти од нивните сведочења. На пример, Петар нѐ учи да ги гледаме сиромашните со очи на верата и да им го дадеме тоа што ни е најдрагоцено:  моќта на Исусовото име. Тоа го правел со земање: му дал сѐ што имал, тоа е Исус (Дела 3, 4-6).

Кај Павле, како што се вели, три пати го повикува на патот за Дамаск, што означува пресвртница во неговиот живот, јасно се разграничува тоа што било порано и тоа што било подоцна. Порано, Павле најлошиот непријател на Црквата. После, го стави целиот свој живот во служба на Евангелието. И во нашиот живот средбата со Христовото Слово може во потполност да ги промени нашите животи. Не е можно да ги слушнеш тие зборови и понатаму да останеш на своето место, да останеш вкоренет на своите навики. Тоа нѐ поттикнува да ја надвладееме себичноста во нашите срца и да го следиме одлучно Господ кој го даде својот живот за своите пријатели. Но, Он е Тој кој со своите зборови нѐ менеува; Он е Тој кој нѐ преобразува; Он е Тој кој сѐ ни простува, ако ги отвориме своите срца и бараме прошка.

Драги браќа и сестри, овој празник во нас буди голема радост бидејќи ни го става пред очи делувањето на Божјото милосрдие во срцата на двајца мажи. Тоа е делување на Божјото милосрдие во тие двајца мажи кои биле големи грешници. Бог сака и нас да нѐ исполни со својата милост, како што направи со Петар и Павле. Нека Дева Марија ни помогне да го прифатиме како нив со отворени срца, не примајќи го залудно! И нека нѐ поддржи во часот на искушение за да го сведочиме Исус Христос и Неговото Евангелие. Да молиме за ова денес посебно за надбискупите митрополитите именувани во текот на минатите години кој утрово славеа Евхаристија со мене во Свети Петар. Сите ги поздравувам со љубов заедно со нивните верници и членовите на семејствата и да молиме за нив!

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот