Ангел Господов: Господи умножи ни ја верата

Во недела 6 октомври молитвата „Ангел Господов“, Светиот Отец му заблагодари на Бог за деновите кои ги помина во Асизи. Прв пат бев во Асизи и тоа беше голем дар да се биде поконик таму посебно на празникот Свети Фрањо – рече Светиот Отец.

Осврнувајќи се на Евангелието од Лука, кое ни го дава неделната бослужба, Папата потсети на почетокот на Евангелието: „Апостолите го замолија Господ: „Умножи ни ја верата“! Ми изгледа дека и ние можеме да го присвоиме тој повик, посебно во Година на верата. Како апостолите и ние да му кажеме на Господ: Умножи ни ја верата!“ Да, Господи нашата вера е мала, слаба, кревка, но ти ја прикажуваме таква каква што е, за Ти да ја умножиш. Да повториме сите: Господи умножи ја нашата вера – потикна Папата Фрањо.

А што одговара Господ? Ако навистина имате вера колку синапово зрно би и кажале на оваа планина: „Премести се одовде таму!“ Синаповото зрно е многу ситно, а Господ вели таква да е верата, мала, но вистинска и искрена, доволна е да се направи невозможни и незамисливи работи за човекот. Вистина е! Сите познаваме едноставни, понизни луѓе со силна вера, кои навистина преместуваат планини! Помислете на некои мајки или татковци кои се соочуваат со многу тешки ситуации; или на некои болни во многу тешка состојба, на кои посетителите им потикнуваат ведрина. Такви се луѓето, всушност заради својата вера, не се фалат со своите дела, како што вели Евангелието: „Бескорисни слуги сме“. Го прави ме тоа што мораме да го правиме“ – рече Светиот Отец цитирајќи го Евангелието по Лука.

Во овој месец, да се посветиме на мисиите, да се сетиме на многу мисионери, мажи и жени, кои навестувајќи го Евангелието се соочиле со сите видови на препреки, всушност својот живот го дале; како вели свети Павле до Тимотеј: „Не страми се затоа да сведочиш за нашиот Господ, туку страдај заедно со мене заради Евангелието, кое е сила Божја. Ова се однесува на секој од нас, во секојдневниот живот, може да го сведочи Христос, потпирајќи се на силата Божја и на силата на верата – рече Папата.

А од каде ја црпиме таа сила? – праша Папата. Во молитвата црпиме од Бог. Молитвата е дишење на верата: во однос на надевањето и љубов не е довлен разговорот, а молитвата е разговор на душата со Бог. Октомври е месец на Бројаницата, а во Помпеја е обичај во првата недела од октомври, со посебна молитва да се обраќаат до Богородица, Блажена Дева Марија од светата Бројаница. Со тој чин на доверба во нашата Мајка духовно се соединуваме, а од нејзините раце ја земаме бројаницата: училиште на молитва и верата – заклучи Светиот Отец.

После Ангел Господов, Папата на собраните ги потсети дека вчера во Модена за блажен беше прогласен Роландо Риви, богослов од Емилија убиен од партизаните во 1945 година на возрасат од 14 години, поради омраза кон верата. Обвинет е бидејќи носел талар во период кога против клерот беснеел прогон, бидејќи во името Божјо, подигнале глас и обвиниле за извршените масакри, непосредно по завршувањето на војната. Но, верата во Исус, го победи духот на светот. Да му заблагодариме на Бог за овој млад маченик и сведок – херој на Евангелието. Светиот Отец топло ги поздрави сите поклоници, посебно семејствата и поклониците од парохиите; потоа ја поздрави Римската перуанска заедница и другите мали групи поклоници.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот