Агонијата на Крстот
Колку и да е застрашувачки описот за камшикувањето, знаев дека следува уште поодвратен дел. Причината е фактот што историчарите едногласно тврдат дека Исус тој ден преживеал камшикување и дека потоа го ставиле на крст – и всушност тука доаѓаме до првите прашања. Кога денес ќе осудат криминалец го врзуваат за кревет и му вбризгуваат отров или за дрвен стол и го изложуваат на струен удар, сѐ се одвива во многу контролирани околности. До смрт доаѓа брзо и сосема предвидливо. Вештакот внимателно го одредува моментот во кој настапила смртта. Од голема близина сведоците следат сѐ од почеток до завршеток. Но, колку смртта е сигурна и веродостојна кога станува збор за тој суров, бавен и прилично непрецизен начин на погубување кој го нарекуваме распнување? Уште повеќе што повеќето луѓе не знаат како крстот ја усмртува жртвата. А без стручен вештак кој службено би ја потврдил Исусовата смрт, дали е можно смртта да ја избегне измачен и раскрвавен, но сепак жив? Сега се посветив на таа тема.
„Што се случило кога дошол на местото на распнување?“ прашав. „Таму веројатно го положиле, му ги рашириле рацете и со клинци му ги зацврстиле за хоризонталната греда. Таа греда се нарекувала патибулум и во тоа време била одвоена од вертикалните греди, трајно поставени во земјата.“ Тоа ми беше тешко да го замислам. Ми требаат уште детали. „Како ги зацврстиле и каде?“ Римјаните се служеле со клинци долги 15 сантиметри. Со нив ги прободувале рачните зглобови“, рече Метерел и со прстот го покажа местото на два-три сантиметри под левата дланка. „Само момент“, го прекинав. „Мислев дека со клинците му ги прободеле дланките. Така е на сите слики. Станува збор за вообичаениот симбол на кој се прикажува распнувањето.“ „Клинците или шилците оделе кон рачниот зглоб“, повтори Метерел. „Таа била цврста положба благодарение на дланката која останува неподвижна. Ако ги прободеле дланките, поради тежината на телото кожата би испукала и телото би паднало од крстот. Затоа шилците ги забивале во рачниот зглоб, иако тоа во тогашниот јазик се сметало за дел од шаката.
Важно е да сфатиме дека и таквиот клинец најчесто поминува низ местото каде поминува централен нерв. Станува збор за најголемиот нерв кој води до шаката, а таквиот клинец несомнено би го прекинал. Бидејќи познавам само основна анатомија не ми беше сосема јасно што значи тоа. „За каква болка станува збор?“ прашав. „Да кажеме вака.“ одговори. „Знаете каква болка чувствувате кога некаде случајно ќе се удрите во надлактицата? Тука всушност станува збор за еден друг нерв,“ рече, притоа нагласувајќи го зборот, стегнете и свртете замислени клешти. „Ќе искусите болка слична на она што ја чувствувал Исус.“ Извикав и престанав да се грчам од непријатност. „Болката беше крајно неподнослива“, продолжи. „Буквално неопишливо со зборови. За неа морале да измислат нов збор: екскруцијаре. Во буквална смисла коренот на тој израз значи „со крстот“. Размислете малку: морале да создадат нов збор затоа што во јазикот немало израз со кој би се опишале интензивните страдања и болката кои човекот ги чувствува кога е распнат на крст.
Гредата потоа ја поставиле на вертикалниот држач и така го подигнале Исус на крстот и со клинци му ги прободеле стапалата и така го зацврстиле за вертикалниот дел. При тоа, секако му ги убиле нервите во стапалата, така што болката и во тој случај била со сличен интензитет.“ Така е исполнето старозаветното пророштво од Псалм 21, во кој распнувањето се предвидува стотини години пред самиот настан и каде стои: „сите мои коски се разглобија.“ „Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради. Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли. Кучиња многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете. Се броеја сите коски мои, а тие гледаа и ме презираа; ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жреб.“ (Пс 21, 14-18)
Смачканите и прекинати нерви самите по себе се ужасна работа, но мене ме интересираше како на Исус делувало тоа што висел на крстот. „Како тоа го оптеретувало Неговото тело?“ Метерел одговори вака: „Како прво, рацете веднаш му се растегнале, веројатно за петнаесет сантиметри во должина, а двете рамења се дислоцирале – тоа е можно да се одреди со едноставна математичка равенка.
Причината за смртта
Метрел многу сликовито ја опиша болката на почетокот на распнувањето. Но, мене ме интересираше што на крајот го прекинува животот на жртвата на распнување, бидејќи станува збор за прашање пресудно за одговорот на прашањето дали е можно смртта да ја одглуми или избегне.
Затоа директно се распитав за причината за смртта. „Кога човекот виси така во вертикална положба,“ Одговори Метерел, „распнувањето во суштина е ужасно болно, во споредба со умирање од гушење. Причината лежи во тоа што притисокот на мускулите и дијафрагмата на градите доведуваат во положба на вдишување. Во суштина, за да испушти воздух човекот мора да се подигне на нозе, за на момент да ја намали напнатоста на мускулите. Притоа клинецот поминува низ стапалото и на крајот запира до тарзалните коски. Откако ќе испушти воздух, човекот мора малку да се опушти и повторно да вдиши.
За издишување повторно би морал да се подигне со крвавиот грб, дерејќи се по грубото дрво на крст. Тоа така би трајало сѐ додека не би го обземала потполна исцрпеност и повеќе нема да може да се придвижува и да дише. Кога ќе го намали дишењето човекот паѓа во т.н. респираторна ацидоза – јаглеродот диоксид во крвта се разложува како јаглеродна киселина поради што се зголемува киселоста во крвта. Тоа на завршетокот доведува до пореметување на ритамот на срцето. Всушност, со таква неправилна работа на срцето, Исус би знаел дека дошол моментот на смртта и во тој момент изговара: „Оче во твоите раце го предавам мојот дух.“, по што умрел од срцев удар.“ Никогаш порано не сум слушнал толку јасно објаснување за смртта на крст. Меѓутоа, Метерел уште не завршил.
Уште пред да умре – а тоа исто така е важно – поради хиповолемичниот шок срцето постојано забрзано му работело што и тоа дало прилог на слабост на срцето, резултирајќи со собрана течност во мембраната околу срцето, што се нарекува перикардијална ефузија како и околу белите дробови, а тоа е т.н. плеврален излив.“
Зошто тоа е важно?“ Затоа што се случило кога до Него дошол римскиот војник кој прилично бил уверен дека Исус е мртов, во делот на слабината, од десната страна му го забодел копјето. Веројатно станува збор за десната страна. Тоа не го знаеме сигурно, но по описот се претпоставува за десната страна, помеѓу ребрата. Изгледа дека копјето поминало низ десното белодробно крило и се зарило во срцето па, кога војникот го извлекол копјето од телото излегло и нешто како течност – перикардијална и плеврална ефузија. Таа течност е проѕирна, како вода, а по неа истече и голема количина крв, што во своето Евангелие го наведува сведокот Иван.“ Иван најверојатно немал поим зошто гледа и крв и проѕирна течност – лаик како него тоа никако не би го очекувал. Сепак, Ивановиот опис е доследен на очекувањата на современата медицина.
На прв поглед изгледа дека тоа придава веродостојност на Иван како сведок. Меѓутоа изгледа дека во сето тоа постои и голем недостаток. Ја извадив Библијата и го побарав Евангелието по Иван 19, 34. „Само момент, докторе,“ се побунив. „Кога внимателно ќе ги прочитате Ивановите зборови ќе видете дека видел оти од телото излезе „крв и вода“. Зборовите намерно ги наведов по тој редослед. Но, според вашиот приказ, прво од телото протечело бистра вода. Станува збор за важен расчекор.“
Метерел благо се насмевна. „Не сум стручњак за грчки јазик,“ рече, „но според оние кои добро го познаваат тој јазик, редоследот на зборовите во старогрчки јазик не се одредувал според редоследот, туку според важноста. Крвта била далеку повеќе отколку водата, па би било логично Иван прво да ја спомне крвта.“ Признав дека тоа е можно, но сепак тоа го запамтив како нешто што подоцна морам да го потврдам.
„Во каква состојба бил Исус во таа фаза? Метерел ме погледна директно во очи. Одговори крајно одлучно и уверено. „Нема ниту најмал сомнеж дека Исус бил мртов.“
I дел: Исус Христос: Реален извештај за маката
Битно/превод:Д.И.