Агенцијата Фидес објави досие за убиените пасторални работници

Во 2015 година во светот се убиени 22 пасторални работници. Меѓу нив се 13 свештеници, 4 монаси и 5 лаици. Драматичен преглед за тоа даде агенцијата Фидес, во посебно досие објавено по повод крајот на годината.

Веќе седма година по ред, што се однесува за убиените пасторални работници, за жал на прво место се наоѓа Америка. На тој континент, имено, во текот на 2015 година се убиени 7 свештеници и 1 монахиња. После Америка се наоѓа Азија со 7 жртви (1 свештеник, 2 монаси, 4 лаици); на трето место се наоѓа Африка, каде што се убиени петмина (3 свештенци, 1 монахиња и 1 лаик) и на крајот е Европа, каде во Шпанија се убиени 2 свештеници.

Најголем дел од пасторалните работници – напоменува агенцијата Фидес – се убиени во обиди за кражба и провала; изврешни на груб начин и тоа во средини во кои е истакната морална деградација, економско и културно сиромаштво, насилство како правило за однесување и недостаток на почитување кон животот. Станува зборза ситуации вокои се убиени свештениците, монасите и лаиците. Тие го живееле своето сведоштво во секојневието, делејќи свети Тајни, помагајќи им на сиромашните, грижејќи се за сираците и зависниците од дрога, следејќи ги проектите за развој или, пак едноставно, држејќи ја отворена вратата од својот дом – истакна агенцијата.

Трагата на убиените пасторални работници – објасни патер Вито Дел Прете, мисионер на Папскиот институт за странски мисии – во овој историски период на човештвото покажува влошување какво што изгледа, немало до сега, затоа што е во тек е глобализирано прогонство. Самонаречената Исламска држава, Боко Харам, дискриминацијата во повеќето држави каде што религијата е државна работа, се причини поради кои е опасно и херојски да се биде христијанин, изложен на атентати и крвопролевања – додаде патер Дел Прете и поттикна да се истакнуваат овие драми на човечкиот род за да се пробуди свеста на сите луѓе со добра волја, поради градење на праведно и солидарно општество.

Треба да се потсети – истакнато е на крајот на досието од агеницијата Фидес – дека во овој објавен попис, за жал нецелосен треба да се додаде долг попис на многумина за кои можеби никогаш нема да се извести или никогаш нема да се дознае нивното име, кои на секој крај од нашата планета трпат и со животот плаќаат за својата вера во Исус Христос.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот