Важно е со чисто и подготвено срце во став на подготвеност за служење да се дочека Месијата Кој ни го испраќа Отецот.
Важно е со чисто и подготвено срце во став на подготвеност за служење да се дочека Месијата Кој ни го испраќа Отецот. Затоа да се преиспитаме: Колку често го преиспитувам своето срце? Колку ми е важно да му служам на својот Бог? Имам ли потреба тоа послание да го ставам на врвот од моите секојдневни задачи? Уживам ли да Му служам со целото свое срце на Бог? Помогни ми Боже јасно и реално да го препознаам и запознам своето срце во овој Божиќен пост.
Еден дел од човечкото тело во Библијата се користи симболично повеќе од било кој друг. А тоа е срцето. Авторите на Библијата го спомнуваат срцето речиси илјада пати, и тоа главно фигуративно. Библиските автори го користат изразот „срце“ за да ги вклучат нашите желби, мисли, склоности, ставови, способности и цели. Кога во Бибијата се спомнува само „срце“ тогаш тоа се однесува на целосната внатрешност на човекот. Затоа е важно какво срце чувам за Месијата?
Што можам денес конкретно да направам за да бидам човек со срце кое е подготвено да служи:
Како Божји слуги со својата ревна служба покажуваме дека навистина сакаме да му служиме на Бог со целосно посветено срце. Но свесни за тоа дека притисоците од злото во светот и грешните навалувања на нашето тело имаат големо влијание на нас и можат да ја ослабнат нашата одлучност со целото свое срце да му служиме на Бог. Затоа треба редовно да го испитуваме своето срце за да провериме дали сѐ уште е цврста нашата одлука за да Му служиме на Бог односно дали и понатаму сме духовно будни. Како можеме тоа да го правиме? Нашата внатрешност не може да се види, како што не може да се види ниту јадрото односно срцето на некое стебло. Но, како што Исус вели во говорот на гората, плодовите откриваат во каква состојба се наоѓа некое стебло. (сп. Мт 7, 17-20) Активностите со кои се занимаваме ни ја откриваат вистинската состојба на нашето срце. Она што го сметаме за најважно во животот многу открива за нас и покажува што всушност сакаме, мислиме, планираме во своето срце.
Драги Боже, денес Ти го принесувам своето срце. Ти најдобро го познаваш и гледаш. Ти добро знаеш колку е тоа подготвено за да служи. Колку во него има сила и подготвеност за да ја живее вистината. Помогни ми денес да донесам одлука во својата глава дека верно ќе Ти служам со целото свое срце. Навистина сакам целосно да ти припаѓам. Целиот да бидам во служба на Твојата љубов. Нека твојата милост и благослов во ова свето време на Божиќниот пост ми помогне своето срце да го ставам во трајно служење на Твојата вистина. Амин.
Апликација Секој ден со Бог /к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк