Француските епископи упатија порака на надеж до нацијата

Париз, 21.4.2013 /к.мк/ – „Во време кога многу наши сонародници гледаат со загриженост кон иднината, ние сакаме да бидеме нивни сведоци на надежта“. Со овие зборови архиепископот на Париз кардиналот Андре Вен-Труа го започна последното негово обраќање во својство на претседател на Епископската конференција на Франција (поради истекот на мандатот). Од името на епископите тој упати порака на надеж до една нација која е длабоко поделена и потресена од протести и манифестации на плоштадите: од политички прашања, законот за „брак за сите“ сè до економската рецесија. „Ние сме убедени дека секој еден од нашите современици може и треба да направи нешто за ближниот – истакна кардиналот Вен-Труа. Познаваме мажи и жени, кои покрај секојдневните тешкотии не подлегнуваат пред личниот интерес. Познаваме угледни и чесни политичари, убедени дека имаат храброст да заштитуваат, дури и ако тоа има висока цена. Познаваме луѓе кои се обземени од духот за општо добро и кои го посветуваат доброволно своето време за таа цел“. Во својата порака до нацијата архиепископот на Париз увери дека „Црквата ќе ги поддржува семејствата и младите кои бараат исполнување во животот и не го избираат насилството, за искажување на своите убедувања“. Силни зборови кардиналот упати за социјалната кохезија: „Не можеме да ги поддржиме оние јавни акции кои отстапуваат од темите за јавна дебата, со цел да ја дестабилизираат политичката власт. Нашата мисија во светот не е со фанатизам, бидејќи го следи примерот на Христос. Секоја акција предводена од омразата и што предизвикува омраза не може да донесе промена со Христовото Евангелие и не може да ја има на своја страна Црквата. Токму спротивното –  туку го нагрдува нејзиното лице“.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<