Фотографијата на Верица Гунчева е првонаградена на фотоконкурсот

Фотографијата на Верица Гунчева е првонаградена на фотоконкурсот

На фотоконкурост распишан од интернет порталот Католици.мк победи фотографијата испратена од Верица Гунчева од Струмица. Второнаградената фотографија е испратена од Стојан Ичев, а третонаградената е фотографијата на Ристо Ичев.

Авторите на наградените фотографии ќе бидат дополнително информирани за приемот на наградите, кои се состојат од:

Прва награда: Свето Писмо и монографијата „Црквата во пресрет“

Втора награда: Книгата „Божјото име е милосрдие“, разговор на Андреја Торниели со папата Фрањо и книгата „Црквата во служба на човекот, од монс. д-р Киро Стојанов

Трета награда: Книгата „Братска љубов, приредна од о. Гоце Костов

Наградниот конкурс траеше од 18 до 30 декември 2016 година. Право на учество имаа сите љубители на фотографијата, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. Фотографиите беа објавени на Facebook профилот на Католици.мк од 1-9 јануари 2017 година, каде заинтересираните можеа да гласаат за најдбобра фотографија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот