Три седмици заедничка молитва за бројните предизвици со кои се соочува таа азиска земја. Со помошта на Богородица – пишува надбискупот Вилегас, нема никогаш да бидеме незаштитени.
Од денес 16 јули на празникот Пресвета Богородица Кармелска, па до 5 август кога се слави Посветувањето на базиликата Света Марија Велика, ќе трае 21 дневна молитва на која повика филипинскиот надбискуп монс. Сократес Вилегас. Три седмици молитва ќе биде посветена за „национално оздравување“ на земјата која се наоѓа пред илјадници предизвици, меѓу кои и пандемијата од коронавирусот.
Во писмото до паросите во својата надбискупија – како што стои на интернет страната на Епископската конференција на Филипините – надбискупот Вилегас го истакнува чувството на немоќ и малодушност кое владее во земјата и предупредува заради здравствената криза и општествено-политичкиот неред, луѓето се чувствуваат неспособни било што да направат, неспособни да сфатат дека се Господови ученици. Заради тоа да повикаме до Дева Марија, ако се фатиме за Неа – како што истакнува надбискупот – нема никогаш да бидеме незаштитени.
Денес сме во состојба на побуна против Бог заради тоа ги гледаме последиците на својот грев – напомена надбискупот – мора да се покаеме ако сакаме да оздравиме. Заради тоа во текот на 21 ден на таа иницијатива на секоја света Литургија ќе биде изговорен чин на посвета на земјата на Пресвета Богородица и молитва за национално оздравување. Исто се препорачува таа молитвата и во семејствата на крајот од молитвата света Бројаница.
На последниот ден 5 август во 11 часот ќе биде служена свечена света Литургија во базиликата Нашата Пресвета Богородица во Манаоаг. Заради посебните мерки наметнати од пандемијата, во базиликата ќе бидат присутни само свештениците и монасите и монахињите – истакнува надбискупот. Но, светата Литургија ќе може да се следи преку интернет. Не попуштаме на обесхрабрувањето и тагата, туку одиме кај Пресвета Богородица, нашата Мајка се доверуваме на Неа и бараме утеха – рече на крајот надбискупот Вилегас.
Ватикан њуз/к.мк