На Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од трговијата со робови и негово елиминирање, 23 август, папата Фрањо повика на борба против модерните облици на ропство, кои поробија и понижија милиони луѓе.
„Да работиме заедно за да го искорениме суровото зло на модерното ропство, кое денес исто така врзува милиони луѓе во нечовечност и понижување. Секое човечко суштество е слика на Бога, и затоа е слободно и е предодредено да живее во еднаквост и братство“.
Пораката беше објавена на Твитер профилот на Светиот Отец @Pontifex во понеделник, 23 август 2021 година.
Ропството сѐ уште постои. На ова се потсетуваме на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од трговијата со робови и негово елиминирање, кој се слави секоја година на 23 август во знак на сеќавање на востанието на робовите на Сан Доминго и Хаити во 1791 година, што го означи почетокот на трансатлантска трговија со робови. И покрај тоа што овој срамен феномен е укинат, денес во светот се шират нови форми на ропство.
Од самиот почеток на својот понтификат, папата Фрањо остро се спротивстави на оваа страшна катастрофа. Потпишувајќи декларација против други форми на ропство кон крајот на 2014 година, заедно со другите верски водачи, Светиот Отец потсети дека и покрај големите напори на многумина, „модерното ропство останува брутално зло во големи размери“. Трговија со луѓе, принудна работа, проституција и нелегална трговија со органи … Се проценува дека бројот на жртви на нови форми на ропство надминува 40 милиони, три пати повеќе од трансатлантската трговија со робови.
Ватикан њуз/к.мк