Струмица: Започна акцијата „Подари љубов“

На 6 декември 2015 година во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица започна овогодинешната акција „Подари љубов“, организирана од Заедницата на семејствата при парохијата. За мото оваа година е избран делот од посланието на свети апостол Павле до Ефесјаните: „Правете добро со рацете свои за да има што да му подадете на оној кој што има потреба (4,28).

Акцијата се спроведува од 7 декември до 27 декември и се состои во собирање бадникови артикли (бадеми, ореви, лешници, јаболки…), а артиклите можат да се остават во црквата на местото одредено за таа цел. Овие артикли подоцна ќе се подарат на стари, немоќни и осамени лица.

Акцијата „Подари љубов“ минатата година се реализира со учество на целата парохиска заедница и придонесе за големо искуство и сведоштво на верата. Пред Бадник минатата година беа посетени повеќе од 50 лица, на кои им беа поклонети бадникови дарови.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот