Прославен патрониот празник Свети Никола во Секирник

Со света Литургија во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, на 19 декември свечено е прославен патрониот празник и заштитник на црквата „Светиот Никола“ во Секирник.

Отец Димитар Ташев – парох во Гевгелија при црквата „Свети Петар и Павле“, кој ја предводеше светата Литургија во својата проповед ги воведе верниците во животот на Светителот покажувајќи им примери како сите можат да прават дела на милосрдието.

Покрај верници од Секирник на светата Литургија присуствуваа верници и од други места.

Од страна на верниците од Секирник беше приготвено заедничко агапе во парохиската сала каде верниците го продолжија заедништвото.

о. Ѓ. Д.

Категорија: Македонија

За авторот