Струмица: Епископот Стојанов освети стан за парохиски потреби

Струмица: Епископот Стојанов освети стан за парохиски потреби

Во попладневните часови на 6 април 2017 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија престојуваше во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица и во таа прилика го освети станот, во кој ќе престојува парохискиот викар од оваа парохија. Покрај епископот Стојанов на свеченоста присуствуваа парохот о. Гоце Костов, парохискиот викар о. Атанас Сирачев, о. Тони Ангелов и о. Томаш Бак. По осветувањето присутните кратко се задржаа во разговор и заедништво.

Станот се наоѓа во непосредна близина на парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица и ќе служи за потребите на парохијата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот