Средба на папата Фрањо со новинарите: Да се слуша како маченик зборува за своето мачеништво е многу силно доживување

Го видов вашето страдање одблизу … „На летот од Тирана кон Рим, папата Фрањо накратко се сретна со новинарите  кои патуваа со него и одговори само на прашања поврзани со посетата на Албанија. Тој се извини за неможноста да дискутираат за други прашања – еден новинар се обиде да го прашам Светиот Отец за престојната Синода – но не беше даден одговор за да не се одземе важноста на настанот во Албанија.

Папата Фрањо изјави дека открил дека Албанците „не се толерантни, туку тие се браќа едни на други, тие го имаат дарот на братство и ова може да се види како различни религии – муслимани, православни и католици – коегзистираат. и соработуваат. Тие работат заедно како браќа. „Папата истакна дека од самиот почеток голем впечаток му оставиле младите.

Светиот Отец, исто така изјави дека е изненаден од историјата на албанските маченици. „За да можам подобро да го разбреам тој период, поминав два месеци читајќи…. Тое е време на суровост, но нивото на суровост било ужано.“ Осврнувајќи се на големите постери на мачениците од комунистичкиот период рече: „Ги видов овие фотографии, кои не беа само од католици, туку и православни и муслимански верници … биле убиени, едноставно затоа што ја исповедувале својата вера во Бог. Сите три заедници сведочеле за Бог и сега тие сведочат за братство.”

Папата Фрањо нагласи дека од Албанија сака да испрати порака која ќе допре и надвор од Албанија, која укажува на патот кон мир, мирен соживот и соработка.

Папата потсети дека неговата следна посета е Турција, земја која граничи со Ирак. „Не можам да ја сменам географијата на земјата …”, се пошегува Светиот Отец.. Исто така спомна и за неговата претстојната посета на Стразбур на 25 ноември. Посетата на Анкара и Истанбул „може да започне на 28 ноември”, што воедно ќе му овозможи таму да го прослави празникот на Свети апостол Андреј, 30 ноември.

На крајот папата Фрањо призна дека заплаче за време на Вечерната молитва во катедралата во Тирана, слушајќи го сведочењето на еден свештеник, кој 27 години бил затворен. „Да се слуша како маченик зборува за своето мачеништво е многу силно доживување. Тие (покрај свештеникот и една чесна сестра зборуваше за своето мачеништво) зборуваа многу природно и со таква понизност како да изгледаше дека опишуваат туѓа приказна.

к.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот