Смртни гревови на средствата за информирање: дезинформација, клевета и озборување
Папата во сабота предпладне, 22 март се сретна со членовите на здружението „Корало“ кое што ги претставува локалните радија и телевизии, аналогни, дигитални и сателитски и интернетски претпријатија, како и радиотелевизиски и маркентиншки агенции.
Во спонтан говор, Папата заблагодари за работата на здружението. Со медиумите треба да се бара вистината, но не само вистината, туку вистината, добрината и убавината. Вашата работа треба да се одвива на патот на вистината, добрината и убавината – рече Папата.
Барајќи ја вистината односно споменатите три патишта можеме да погрешиме или да наидеме на замка. Вистината треба да ја бараме, но треба да внимаваме да не стане интелектуалец без интелигенција. Добрината треба да ја бараме, но треба да се чуваме од етицизам; може да се бара и убавина, но не смееме да се шминка, односно да се создава „вештачка убавина“. Вистина, добрината и убавината доаѓаат од Бог и се во човекот. Да се открива вистината, добротата и вистината, тоа е работа на средствата за информирање; тоа е ваша работа – истакна Светиот Отец.
Говорејќи за хармоничната работа на здружението „Корало“, Папата рече дека има големи, средни и мали компании… но ако го читаме Посланието на Свети Павле до Коринтјаните „гледаме дека во Црквата нема ниту голем ниту мал“: секој е важен и има своја улога, така и медиумите се повикани на хармонично служење во Црквата. Никој не треба да се чувствува мал, голем или премногу голем. Пред Бог сите сме мали, но секој има своја улога. Така е и во Црквата – рече Папата прашувајќи:
Кој е најважен во Црквата? Папата или старицата која секој ден моли бројаница во Црквата? Тоа само Бог го знае, јас не знам да одговорам на ова прашање. Црквата е хармонија од различности; Телото Христово е хармонија на различности, во таа хармонија секој е важен, а хармонијата е дело на Светиот Дух. Светиот Дух всушност е најважен. Ние треба да се стремиме кон доследноста и да не дозволиме големата риба да ја проголта малата – рече Светиот Оец, а потоа се осврна и на клерикализамот, едно од злата во Црквата за кое се одговорни и свештениците и лаиците.
Свештениците сакаат да ги клерикализираат лаиците, а лаиците сакат да бидат клерикализирани. Тоа искушение треба да го отстраниме. Лаикот треба да остане лаик и да го чува својот лаички повик кој го стекнал со крштението – тој е негов идентитет. И свештениците и лаиците се важни и во Црквата имаат важна улога, затоа не е добро лаиците да се клерикализираат – истакна Светиот Отец.
Осврнувајќи се повторно на средствата за информирање, Папата рече дека и средствата за информирање грешат, а најтешки гревови им се: дезинформација, клевета и озборување. Клеветата и озборувањето се смртни гревови, но сепак помалку опасни од дезинформацијата. Дезинформацијата е делумно изнесување на факти, намерно потиснување на вистината за да им се оневозможи на слушателите или гледачите да создадат вистински суд.
Ве молам, избегнувајте ги овие три гревови: дезинформација, клевета и озборување – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.