Слово на животот, декември 2023

Слово на животот, декември 2023

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!“ (1Сол 5,16-18)

Павле им пишува на Солунјаните во време кога сè уште биле живи многу современици на Исус кои Го гледале и слушале, биле сведоци на Неговата трагична смрт, се восхитувале на Неговото воскресение, а потоа и на Неговото вознесение. Тие ја препознале трагата што ја оставил Исус и очекувале Негово наскоро враќање. Павле ја сакаше заедницата во Солун, која била примерна во нејзиниот живот, сведоштво и донесувала плодови, па затоа им го напиша ова послание, барајќи да се прочита на сите (5, 27). Во тоа послание тој пишува како што „и вие се угледавте на нас и на Господ“ (1, 6) и ги сумирал на следниов начин:

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!“ (1Сол 5,16-18)

Водечката нишка на овие моќни стимулации не е само она што Бог го очекува од нас, туку и кога: постојано, секогаш, непрекинато.

Но, дали може да се заповеда радоста? Сите ние доживуваме како животот нè опсипува со проблеми и грижи, страдање и вознемиреност, а социјалната реалност изгледа ладна и негостопримлива. Сепак, Павле ја познава причината што секогаш ја овозможува радоста на која што тој мисли. Тој им се обраќа на христијаните и им препорачува сериозно да го сфатат христијанскиот живот за да може Исус да живее во нив со полнотата што ја ветил по Неговото воскресение. Понекогаш тоа можеме да го искусиме: Тој живее во оние кои љубат, и секој може да го започне патот на љубовта оддалечувајќи се од себе самиот, со бесплатна љубов кон другите, прифаќајќи ја поддршката од пријателите, одржувајќи ја жива вербата дека љубовта победува сѐ. [1]

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!“ (1Сол 5,16-18)

Дијалогот меѓу верниците од различни религии и луѓето од различни убедувања доведува до подобро сфаќање дека молитвата е длабоко човечки чин; молитвата го гради човекот и го воздигнува.

И како да се молиме постојано? Православниот теолог Евдокимов пишува: „…не е доволно да се има молитва, правила, навики; потребно е да се стане молитва, да се биде отелотворена молитвата, да се направи животот литургија, да се моли низ секојдневието“. [2] Кјара Лубик истакнува дека „можеме да Го сакаме (Бог) како деца, со срце кое Светиот Дух го исполнил со љубов и доверба во нашиот Отец. Оваа доверба нè поттикнува често да разговараме со Него, да Му кажуваме сè што е во нашите срца, нашите одлуки и нашите планови“. [3]

Постои начин за тоа „како да се молите секогаш“ е возможен за секого: да застанете пред секоја активност и да се фокусирате на наканата со зборовите „за Тебе“. Оваа едноставна практика сите наши активности и целиот наш живот ги преобразува одвнатре во постојана молитва.

Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!“ (1Сол 5,16-18)

Благодарете за сè. Овој став слободно и искрено произлегува од благодарната љубов кон Оној кој тивко ги поддржува и придружува поединците, народите, историјата и вселената. Во знак на благодарност кон другите кои чекорат со нас, нѐ потсетува дека не сме доволни самите за себе.

Радостта, молитвата и благодарността, овие три чина нè доближуваат до сликата за тоа како Бог нè гледа и сака и го збогатува нашиот однос со Него. Со увереност дека „Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ“. [4]

Така ќе се подготвиме подлабоко да ја живееме Божиќната радост за да го направиме светот подобар, за да станеме ткајачи на мирот во себе, во нашите домови, на нашите работни места, на плоштадите. Денес ништо друго не е попотребно или поитно

Подготвено од Викторија Гомез и тимот на Слово на животот

 

 

 

 

[1] P. Vergilius Maro/Virgilio/Virgil, Ecloga X.69; per un rendimento musicale si può vedere Gen Rosso, https://music.apple.com/es/album/lamore-vince-tutto-single/1595294067

[2] P. Evdokimov, La preghiera di Gesù u La novità dello Spirito, Ed. Ancora, Milano 1997.                                                     

[3] C. Lubich, Conversazioni, Città Nuova, Roma 2019, str. 552.

[4] 1 Sol 5,23.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот