Молитвата за покојните е дело на милосрдие

Молитвата за покојните е дело на милосрдие

Молитвата за покојните е последното и најголемо духовно дело на милосрдие. Со неговата милост и неговата помош, душите доаѓаат до славата што Бог им ја подготвил од почетокот на светот

Која е вредноста на една молитвата? Би рекол дека е многу поголема отколку што можеме да си замисли. Молитвата ги менува работите, понекогаш на очигледен начин, но почесто на суптилен, па дури и парадоксален начин. Секако дека таа е важна, дури и кога не го чувствуваме нејзиниот ефект веднаш. Можеби затоа Исус нѐ научи секогаш да се молиме и никогаш да не престануваме (сп. Лука 18:1). Свети Павле упатува слична порака со едноставен повик: „Молете се постојано“ (1. Сол. 5,17). Свети Јаков предупредува: „Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не молите“. (Јаков 4,2).

Молитвата за живите е големо и чудесно духовно дело на милосрдие. Тоа е повредно од злато и бисери. Која е вредноста на една молитва? „Голема сила има усрдната молитва на праведникот“ (Јаков 5,16). Молитвата може да ја запре војната, да исцели, да преобрати, да донесе мир и радост и да повика на милост – слатка, неопходна, убава милост. Молитвата е непроценливо богатство.

Можеби една од најголемите радости во рајот ќе биде кога ќе видиме колкава разлика направиле нашите молитви, дури и оние кои биле изговорени несредено и без многу размислување. Можеби една од нашите едноставни реченици на крајот од десетката на Светата Бројаница – „Сочувај нѐ од пеколен оган и доведи ги во рајот сите души“ – ќе допре до срцето на изгубената душа и ќе ја поттикне да одговори на благиот повик Божји да се врати. Замислете дека грешникот доаѓа кај вас на небото и ви вели: „Не се познававме, но твојата молитва дојде до мене, и Бог делуваше на мене со својата сила“. Замислете ја радоста на многу такви средби во рајот. Замислете дека и вие на некого радосно ќе благодарете за нивните молитви – луѓе што ги познавате, но и некои што никогаш не сте ги запознале. Но, тие се молеле, и силата на нивните молитви допрела до вас.

Малкумина се сомневаат во важноста на молитвата за живите, но молитвата за покојните е духовен чин на милосрдие што е запоставен во изминатите неколку децении. Денес, многу католици „прескокнуваат чекор“ кога ќе умре некој нивен близок. Често веднаш се наведува дека покојникот е „во рајот“ или „на подобро место“. Но, Библијата не вели дека кога ќе умреме, веднаш одиме во рајот. Не, не одиме. Најпрво нешто што следува е да се застане пред судот Христов.

Посланието до Евреите вели: „И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд […]“ (Евреите 9,27) свети Павле понатаму пишува: „Зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло“ (2. Коринтјаните 5,10).

Нашите драги покојници одат пред судот Христов и за тоа навистина мораме да се молиме!

Каква е пресудата за оние кои живееле верно? Во овие случаи, пресудата не се однесува само на крајната дестинација – рајот или пеколот. Пресудата ќе биде нешто како: „Дали моето дело во тебе е потполно?“

Господ на сите ни вети: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен” (Матеј 5,48). Прекрасно ветување! Но, повеќето од нас знаат дека не сме во таква состојба во моментов. Ако умреме денес, јасно е дека ќе има уште многу работа. Кога ги испраќаме нашите сакани починати верници на суд, иако ги испраќаме со надеж, свесни сме дека можеби ќе им треба повеќе усовршување. Прочистувањето е неопходно пред да се влезе во рајот, а Библијата за рајот вели: „И нема во него да влезе ништо нечисто“ (Откровение 21,27).

Ете за што вреди да се молиме. Тоа е голем чин на милосрдие што можеме да го направиме за нашите сакани покојници – да се сеќаваме на нив со љубов и да се молиме со зборовите на свети Павле: „Уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го извршува дури до денот на Исуса Христа“ (Филипјаните 1,6) Молете се често за душите во чистилиштето. Таму секако има радост за нив, бидејќи знаат дека се на пат кон рајот, но има и страдање, кое мора да дојде со очистување. Свети Павле за чистилиштето вели: „Делото на секого ќе стане јавно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита, какво е делото на секого. И, ако делото, на оној што ѕидал, се задржи, тој ќе прими награда. А чие дело изгори, тој ќе биде оштетен, а сам ќе се спаси, но така – како преку оган“ (1. Коринтјаните 3,13-15). Да, таму има оган, но фала му на Бога, тој е исцелителен оган. Има и солзи, бидејќи Библијата вели (за покојните) дека Исус „ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни“ (Откровение 21,4).

Колку само утешно и милосрдно им изгледаат нашите молитви на нашите сакани покојни! Нашите молитви сигурно се како благ ветар што го забрзува нивниот пат кон небото!

Молитвата за покојните е последно и најголемо духовено дело на милосрдие. Со неговата благодат и неговата помош, душите доаѓаат до славата што Бог им ја подготвил од почетокот на светот.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот