Се разгледува Апостолско патување на Папата во Азија
Одговарајќи на новинарско прашање за следните меѓународни патувања на папата Фрањо, директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица, патер Ломбарди, одговори дека се разгледува апостолско патување во Азија, посебно во Јужна Кореја, по повод големата средба на младите од Азија, која ќе се одржи во таа земја во месец август. Освен тоа – рече патер Ломбарди – Папата доби покана да го посети Сараево, но светиот Отец сѐ уште нема донесено одлука, па за таа покана сѐ уште не се презема ништо конкретно. Една друга покана се однесува на патување во Шри Ланка и Филипини, кое се разгледува, но кое не е на програмата за 2014 година, изјави патер Ломбарди.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан