Семејствата на болните деца му го честитаа на Папата Божиќ и Нова Година
Од целиот свет пристигаат до Светиот Отец честитки за Божиќ и Нова Година. На Папата му го честитаа и семејства чии деца се лекуваат во амбулантата Света. Марта во Ватикан, со кои Светиот Отец оствари средба на 14 декември во салата Павле VI.
Кога ќе се спомне ‘Света Марта’, мислите одат кон Домот ‘Света Марта’ во Ватикан, дневниот престој на папата Фрањо. Само неколку метри од местото на живеење на Папата, се наоѓа друга, со исто име, помалку позната но исто така многу важна институција. Постои педијатриска амбуланта ‘Света Марта’, која веќе 20 години ја водаат Сестрите на Милосрдието. Секој ден, голем број волонтери, лекари и медицински сестри се грижаат за болни римски деца, без да прават разлика на националноста, расата и религијата.
Некои семејства, чии деца се лекуваат во амбулантата, му упатиле и писмени честитки на Светиот Отец, кои беа објавени во списанието на амбулантата: „Бог нека го штити папата Фрањо заради севкупната љубов што ни ја пружа“; „Ви посакуваме среќни Божиќни празници и многу среќа“ – запишано е на една честитка.
Една мајка му напиша на Светиот Отец за ситацијата на своето семејство: На мене и моето семејство ни помага Амбулантата, затоа што јас и мојот маж останавме без работа. Твоите зборови со својата едноставност секогаш успеваат да стигнат до нас и нашите срца и ни даваат сила и храброст. Семејства на различни јазици му пишуваат на Папата молејќи го Бога да му даде сила како би можел да ја извршува мисијата на љубовта која Бог му ја стави во раце. Една мајка се заблагодарува на амбулантата и го моли Бога и понатаму да го обдарува Папата со „мудрост и здравје“ како би можел да нѐ води кон Царството Божје.
РВ/З.А:
2659