Седми ден: Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените

Седми ден: Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените

Почитуван читателу,

Денес на посебен начин потруди се да ги следиш стапките на Пресвета Богородица, свети Јосиф и на светците кои ти посебно ги почитуваш.

Молитва до светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените. После првородниот грев кога ѓаволот стана цар, на земјата царуваше гордоста и високомерноста кои ја сочинуваат сета сила на кнезовите на овој свет. Но Исус прогонувајќи ги со смиреноста горделивите, т.е. ѓаволот и неговите слуги ги симна силните од престолот. Затоа Исус Цар на смиреноста ги возвеличи понижените правејќи тие да царуваат со него. Марија е царица на тие смирени души зашто е првата која Исус ја издигна до највисокото достоинство, по неа ги издигна Јосиф, апостолите и бескрајното множество светци, кои поради нивната смиреност биле издигнати во слава од Бога.

Прашања:

Дали го следам животот на светците? Дали го познавам животот на мојот светец –заштитник? Која добродетел најмногу те воодушевува кај твојот заштитник, и дали се трудиш да ја живееш?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот