Светата Бројница има голема сила

Светата Бројница има голема сила

Кога би оценувале која е на прво место најсилната „молитва“ во нашиот живот, тогаш можеме со сигурност да кажеме дека тоа е света Литургија!

После светата Литургија, следува прекрасното евхаристиско обожавање, додека на трето место e навистина силното и моќното оружје што ни го даде самата Пресвета Богородица, а тоа е молитвата Светата Бројаница.

Самите зборови на сестра Луција од Фатима го потврдуваат тоа: „Пресвета Богородица, ѝ дарува на Светата Бројаница такво дејство, со кој не постои никаков материјален, духовен, национален или меѓународен проблем, а да не се реши со Светат Бројаница и нашата жртва.”

За жал, иако скоро сите светци молеле Света Бројаница, иако има толку многу повици од секојдневната молитва на Бројаницата, иако Црквата и нејзините пастири низ историјата континуирано ја молат оваа молитва, бидејќи со оваа молитва нема зло кое не може да се надмине, сепак се малкумина кои одговараат на повикот да ја молат секојдневно.

Често многумина луѓе наведуваат разни причини како што се: не ми се допаѓа, напорна е, досадна е, нема смисла итн. Но, ова се насилни мисли кои сатаната ги става во умовите на многумина верници, само за да не се молат.

Кога сите сите верници на светот би молеле Светата Бројаница секој ден, злото нема да може да живее меѓу нас, затоа на различни начини ѓаволот работи напорно да ја спречи оваа молитва.

Затоа одлучете да ја земете Бројаницата во вашите раце, внесете ја во вашите семејства и уверете се во моќта на оваа чудесна молитва ..

Верувам дека многумина ќе бидат охрабрени да молат денес, ако не цела Бројаница, тогаш барем една десетка!

ФБ

Категорија: Вера, Духовност

За авторот