Свети четириесетте маченици во Севастија

Денес ги празнуваме четириесетте војници христијани кои претпрпеле маченичка смрт заради верата во Христа смрзнувајќи во езерото покрај градот Севастија во поранешна Мала Ерменија (денешен Сиваш, Турција)

За четириесетте верници маченици во Севастија кои како војници служеле во познатата XII легија наречена „Legio fulminata Melitensis“ се сочувани многу познати говори кои на нивниот празник ги одржувале големи црковни говорници во IV век меѓу нив е и свети Василие Велики. Тоа е веродстојно сведоштво за храброста на светите маченици кои повеќе сакале да смрзнуваат во водата отколку да се откажат од својата вера. Нивното мачеништво многумина ги исполнило со восхит.

Во времето на прогонството на царот Ликиниј фатени се 40 христијани војници и се ставени пред избор: или да умрат или да се откажат од верата. Сите избрале смрт за верата. Казната се состоела од смрт во вода која смрзнува. Додека се наоѓале сè уште во затворот напишале порака во која бараат после смртта заедно да бидат погребани во Сареим кај Зеле, во селото кое денес е поистоветувано со селото Кирклар во Мала Азија, а кое значи токму 40. Нивните тела биле запалени за нивните мошти да не бидат разнесувани меѓу христијаните.

Мачеништвото се случило на 9 март 320 година во дворот на гимназијата со базен во градот Севастија во Мала Ерменија, денешен Сивас во Турција. Со ладниот базен бил подготвен и топол за да биде примен оној кој ќе биде слаб во маките. Се нашол еден слаб кој преминал во топлата вода, но среде наглата промена на температурата веднаш загинал. На негово место стапил меѓу мачениците самиот чувар, соблекувајќи ја облеката и признавајќи се за христијанин. Кога сите паднале телата им биле изнесени надвор од градот, запалени и пепелта истурена во река. Прогонувачите се плашеле од нив и мртви, па сакале да го уништат секој спомен на нив. Верниците успеале нешто да спасат. Иако овие маченици се мачени на 9 март од времето на папата Инокентиј X нивниот празник е на 10 март, во Западната црква, односно 22 март во Источната.

Молитва

Преку своите маченици кои доброволно ја прифатиле смртта како сведоштво на верата: дади ни Господи вистинска слобода на духот.

Преку мачениците свои кои својата вера ја запечатиле со крвта која сведочи: дади ни Господи чиста и постојана вера.

Преку мачениците свои кои поднеле мачеништво и така оделе по твоите стапки: дади ни Господи да издржиме во неволјите и горчините во животот.

Преку мачениците свои кои облеките свои ги испрале со крвта на Јагнето: дади ни Господи да ги надминеме сите напади на телото и светот.

Јосип Антоловиќ СЈ/Битно нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Колумни, Свет

За авторот