Светиот Отец повика на молитва за Ирак и го најави своето апостолско патување во Албанија
По молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во недела, 15 јуни 2014 година, Светиот Отец со загриженост повика на молитва за ирачкиот народ. Веднаш потоа Папата најави дека на 21 септември ќе ја посети Албанија.
*****************************
„Драги браќа и сестри, со искрена загриженост ги следам случувањата последните денови во Ирак. Ве повикувам сите да ми се придружите во молитвата за саканиот ирачки народ, посебно за жртвите и за оние кои најмногу трпат од последиците на зголеменото насилството, посебно за многу луѓе, меѓу кои има многу христијани, кои мора да ги напуштат сопствените домови. Сакам на целиот тој народ сигурност и мир и иднина на помирување и правда каде што сите Ирачани, на било која вера и да припаѓат, да можат заедно да ја градат својата татковина и да направат од неа модел на соживот. Да се помолиме сите заедно на Богородица за ирачкиот народ. Радувај се Маријо….“
[…]
„Денес сакам да ви најавам дека го прифаќам повикот на албанските епископи и граѓанските власти, планирам да ја посетам Тирана на 21 септември. На тоа кратко патување сакам да ја зацврстам во верата Црквата во Албанија и да го посведочам своето охрабрување на земјата која долго ги трпеше последиците на идеологијата од минатото.“
[…]
И на сите ви посакувам пријатна недела и добар апетит. И не заборавајте да се молете за мене. До гледање!
РВ/Д.И.