Светиот Отец патува во Калабрија

И на неговото четврто патување во Италија, папата Фрањо останува верен на своето мото: кон перифериите. По островот Лампедуса и Сардинија, папата направи исклучок кога го посети градот Асизи во октомври минатата година. Во сабота 21 јуни патува на „самиот врв од италијанскатаа чизма“, во Калабрија. Тој регион не е периферен по својата местоположба, но според големиот процент на невработеност (25%), а БДП во тој регион изнесува само 64,5 % од европскиот просек.

Патувањето во Касано Ал Јонио започнува во утринските часови со слетување на хеликоптерот во затворот Кастровилари, каде ќе биде пречекан од епископот Нунцијо Џалатино. Прва точка од програмата е средба со затворениците, со чуварите и нивните семејства. Папата Фрањо исто така ќе добие вистинска слика за италијанските затвори, кои постојано се преполнети и често се со катастофални услови, поради што Европскиот суд за човекови права се заканува со санкции.

Во продолжение на патувањето Папата ќе биде пречакан на стадионот Касано дел Јонио. Потоа следува посета на католичка установа за палијативна нега, единствена од таков вид во цела Калабрија. Во катердалата ќе се сретне со свештениците и бискупите. Светиот Отец во богословијата Касано Ал Јонио ќе руча со сиромашните и со инвалидите. Попладне е предвидена посета во еден дом за стари лица, а централен настан на неговата посета ќе биде света Литургија на отворено.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот