Света Бројаница со Папата на 31 мај, за дар на мирот

Света Бројаница со Папата на 31 мај, за дар на мирот

Сите заедно да го добиеме дарот што светот го очекува – Папата ги поттикна верниците, семејствата и заедниците на Света Бројаница која ќе се моли на 31 мај во 18.00 часот во базиликата Света Марија Велика.

По молитвата на Царице небесна, Светиот Отец повторно зборуваше за мирот, обраќајќи им се на собраните поклоници на плоштадот Свети Петар, како и на целиот свет и ги повика сите да се придружат на Светата Бројаница, која ќе ја предводи на 31 мај во 18.00 часот во базиликата Света Марија Велика. Сите заедно да го добиеме дарот што светот го очекува – ги охрабри Папата верниците, семејствата и заедниците.

Осврнувајќи се на Светскиот ден на средствата за социјална комуникација, кој се одбележува на тема слушање, тој посочи дека да се знае да се слуша не само што е главен фактор за дијалог и добра комуникација, туку и прв гест на љубов. Затоа, потребно е да знаете да слушате, да им дозволите на другите да кажат сè, а не да ги прекинувате; потребно е да знаете да слушате со уши и срце. Затоа, Папата посака сите да растат во оваа способност да слушаат со срце.

Папата го спомна и XXI. национален ден посветен на промоција на културата на утеха, кој се слави во Италија. Болниот, рече тој, е секогаш поважен од болеста; дури и кога не е можно да се излечи, секогаш може да се утеши и да се почувствува нашата близина.

Следуваше долг аплауз по именувањето на новиот блаженик, дон Луиџи Ленцини, свештеник и маченик од Модена, кој беше убиен поради омраза кон верата во 1945 година од слепиот бес на антиклерикалниот комунизам бидејќи, како што рече Папата, христијанските вредности ги истакнуваше како главен пат во животот. Тој беше прогласен за блажен во недела 29 мај 2022 година во катедралата во Модена, за време на прославата предводена од кардиналот Марчело Семераро, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци. Овој свештеник, пастир според срцето Христово и гласник на вистината и праведноста, нека ни помогне од небото со љубов и искреност да сведочиме за Евангелието.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот