Сатаната ќе стори сѐ само да не го прочиташ ова писмо

Сатаната ќе стори сѐ само да не го прочиташ ова писмо

Сатаната го мрази бракот и семејството. Не пропуштајте во продолжение да прочитате какви сѐ мисли ни се подметнати и на какви сѐ фантазии често наседнуваме.

Драги мајки, сатаната бара начини за ваше уништување, а ова подолу напишано писмо го открива неговиот план. Писмото предизвикува трња, а е напишано во стилот на познатата книга „Писма од стариот до младиот ѓавол“, автор К.С. Луис (сатира во облик 31 писмо во кои се Скрејвтејп, чичко и Вормвуд, внук, два главни лика – стар и млад ѓавол. Вормвуд има задача да го „упропасти“ младиот верник господин Спајк, а неговиот чичко Скрејвтејп не е задоволен од извештаите на внукот па со низа писма го подучува како да биде успешен заводник на луѓето).

Мој драг Вормвуд,

Бев воодушевен кога прочитав за твојот напредок со мајката. Твојата техника е успешна, како што ми се чини. Таа се чувствува премногу зафатена, не ценета и обесхрабрена? Многу ми е драго тоа да го слушнам. Ако внимателно ја газиш, ова може да биде одлична прилика. Со децата кој се будеа секој час минатата ноќ, ние сме веќе во предност. Изморената мајка е доста чувствителна мајка, а чувствителната мајка е ранлива Мајка.

Но имам неколку совети. Како прво, целта нека ти е колку што можеш нејзиниот брак.

Сатаната го мрази бракот

Како што знаеш, не можеме многу да направиме со цврстиот брак. Среќа за нас, исцрпената жена може да направи чудо и да ја промени таа состојба. Мораме да се увериме дека нејзиниот маж веќе не е нејзин пријател и сојузник за кој што се венчала. Наместо тоа мораме да го откриеме секој негов грев и себична навика, посебно привлекувајќи внимание на неговите безобзирни работи против неа (направени со зло намера или не).

Понекогаш тоа се помалку очигледни работи, работи за кои што сопругот не е ниту свесен, а кои можеме да ги употребиме за повеќе да ја навредиме. Кога тој доаѓа дома од работа и ги фрла своите работи покрај вратата (наместо да го закачи палтото или да ги намести клучевите), дај и до знаење дека тоа е директна навреда за неа како домаќинка. Кога сопругот остава траги со кал од чевлите, нека таа помисли дека тоа го прави затоа што не ја сака. Ваквите крајности во размуслувањето ни стојат смешни, но на исцрпената и смрттна жена и стојат веројатни. Твојата цел е да ја натераш да мисли како нејзиниот маж не ја забележува, или уште подобро, дека не ги цени нејзините напори во одржување на домот.

Сатаната прави сѐ што може за да нѐ насочи на проблемите и болките

Второ, прави сѐ што можеш за да ја насочиш кон проблемите и болките. Потсетувај ја на тоа колку ја боли грбот, колку децата биле напорни цел ден па така ја чекаат многу недовршени работи. Немој да ѝ дозволиш да се запраша со колку проблеми нејзиниот маж се соочил тој ден на работата или уште подобро дека и него го боли грбот. Да се стават другите пред себе е оној глуп, но сепак чуден начин на тактика на нашиот Непријател. Ако таа прекине со своите работи за да му подготви кафе на својот маж, следно што ќе видиш е тоа дека таа ќе му ги измасира рамењата и ќе кокетира со него на креветот. Тоа може да излезе од контрола ако не си внимателен.

Освен сѐ наведено, води сметка за тоа дека Мајката почнува да ја цени продуктивноста најмногу од сѐ. Нека се буди рано наутро и работи нон стоп се до одењето во кревет. Ако нејзиниот сопруг се опушта навечер, играјќи некоја компјутерска игра, погрижи се жената да ја забележи не испегланата облека или извалканиот под. Немој ниту случајно да дозволиш таа да зграби некоја книга и да се опушта покрај својот маж. Грижливоста е една од доблестите на нашиот Непријател, но кога со неа ќе се претера, може да се искористи во наша корист. Увери ја дека додека постои макар само една работа (а секогаш постои), никој не би смеел да се одмора. Затоа, кога таа ќе ја нареди облеката и ќе го исчисти подот, а тој седи, можеш да тргнеш кон сеење на горчливо замерување.

Сатаната прави сѐ за да го спречи брачното дарување

Само овде да те предупредам. Сети се, љубовта на нејзиниот сопруг може да биде опасна во овој случај. Ако тој ја почувствува нејзината несреќа, би можел да почне да ѝ помага или, уште полошо, да започне да се сочувствува со неа. Овде почнува да цвета претходното посеано семе на незадоволство. Натерај ја да мисли дека тој покажува сочувство само за да „добие една работа“. Немој да ѝ дозволиш да го воочи неговото миење на садовите (или бакнежите или галењето) како одраз на чиста намера. Ако тој ја покаже својата желба за неа, увери ја дека е искористена, а не сакана.

Како што и двајцата знаеме, брачното дарување може меѓусебно толку многу да ги поврзи со што ќе ни го расипе целиот вложен труд. Поради тоа, немој да ѝ дозволиш на тој чин да го стави како приоритет на својата замислена листа на задачи. Во наш интерес е да се задржи жената зафатена, зафатена, зафатена и да се погрижиш да биде премногу исцрпена навечер воопшто да не помислува на тоа.

Сатаната нѐ уверува дека децата сѐ ни одземат

А сега, малку околу децата. Прекрасни се тие мали можности: деца, посебно оние малите. Сите знаеме дека децата се најомилениот алат на нашиот Непријател. Тој ги нарекува благословени и дарувани па ги повикува родителите да го дадат животот за нив, токму како што тој тоа го направил за неговиот Син. Не се нормални, знам. Мораме да ја увериме дека се одвратни мали созданија, за кои се грижи, всушност не се вредни за нејзината жртва. Кога Мајката сонувала за тоа како е да се има деца, веројатно ги замислувала големи, со невини очи, буцкасти, среќни образи кои ќе ја окупираат по цел ден. Направи најмногу што можеш за да ги уништиш таквите очекувања.

Наместо тоа, сврти ѝ го вниманието на тоа колку децата одземат. Нека и одземаат, одземаат и одземаат… сѐ додека Мајката не се почувствува целосно истрошена. Нека почнат да плачат сите во исто време, поради потполно бесмислена причина. Нека и пречи галамата. Нека нивното злонамерно однесување ја изненадува. Направи најмногу што можеш деновите да и поминуваат монотоно додека ги менува пелените, ги подготвува оброците, го бања бебето – дај ѝ истовремено сѐ да ѝ изгледа премногу и понижувачки. Натерај ја да размислува за своето подобро, важни работи кои би можела да ги работи во животот, само кога не би имала деца.

Не ѝ дозволувај за нив да мисли како на идни одговорни, верни и возрасни луѓе кои ги воспитува. Како оние кои ќе го променат општеството, пријателите, работниците, мажите и жените… не ѝ давај за нив да размисли како на доживотни сопатници кои ќе ја сакаат, ќе разговараат со неа и ќе се грижат за неа во деновите на староста. Ох, и секако не ѝ давај да ги замислува внуците со обоени лисја кои би можела да ги има во староста. Не, не, не… Размислувањето однапред за тоа дека нејзиниот труд ќе вроди со плод, како што Непријателот го нарекува, секогаш е лоша идеја. Истреби го секој аспект на збор како што е „наследство“ додека се занимава со течењето на носот или отстранувањето на дамките од детската облека.

Сатаната нѐ уверува дека сопругот и семејството не се извор на задоволство и исполнетост

Ако ми остана уште некој совет за споделување, Вормвуд, тогаш тоа е да ја отстраниш идејата на Мајката дека сопругот и семејството се извор на нејзиното исполнување и задоволство. Ние знаеме како Непријателот секогаш гледа и е подготвен да го оттргне секој товар од грбот на своите деца, но ако на Мајката доволно долго ѝ го одвлекуваме вниманието, овој факт може да биде заборавен. Натерај ја од мажот да бара потврда за вредност и одобрување. Тогаш, кога тој ќе ја изневери (а секој тоа го сака) таа да биде под наш надзор. Да, најлошата работа која би можела да се случи е таа, во своите потреби и недостатоци, да се заврти кон Него. Еднаш кога ќе сфати дека Непријателот нуди мир кој ја надминува секоја нејзина ситуација, нашата работа во потполност би била загрозена.

Твојот злонамерен Вујко,

Скрејвтејп

Жена Врсна/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот