Само едно е важно во животот – Исус и тоа што се однесува на Него
Животот на Блажена Дева Марија е на вистински, посебен и извореден начин концентриран во Исус; на единствен начин во пресрет на раѓањето на Нејзиниот Син. Едвај можеме и да ја замислиме собраноста на нејзината душа. Така секогаш живеела и така и ние мораме да научиме да живееме кои често сме невнимателни и растресени од неважни работи. Само едно е навистина важно во нашиот живот: Исус и тоа што на Него се однесува.
А мајка Му ги пазеше сите тие зборови во срцето свое. А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое. Евангелистот двапати известува за овој став на Блажена Дева Марија за она што се случувало. Блажена Дева Марија чува во срцето и размислува. Добро ја познава внатрешната собраност во која може да се вреднуваат и да се чуваат големите и малите животни настани. Нејзиното срце збогатено со многу милости владее изворната хармонија во која човекот е создаден. Нема посоодветно место за чување и размислување за изворедните божествени дела во светот на кои Таа била сведок.
После источниот грев човечката душа го изгубила господството врз сетилата и секако вдахновението за Божјите работи. Кај Блажена Дева Марија не било така; кај нас е така. Кај неа бидејќи била сочувана од источниот грев сè било во хармонија, како во почетокот. Освен тоа, била украсена преку посебното и исклучителното присуство на Пресветото Тројство во својата душа.
Марија постојано молела бидејќи сè правела во блиска поврзаност со Својот Син: кога зборувала со Исус молела (тоа е молитвата: да разговараш со Бог), секој пат кога Го гледала молела (и тоа е молитвата, да гледаш со вера на Исус во Пресветата Евхаристија навистина присутен во светата дарохранителница, кога му се обраќала или кога мислела на Него. Нејзиниот живот бил потполно одреден преку Исус и на Нему постојано биле насочени нејзините чувства. Нејзината внатрешна собраност била постојана. Нејзината молитва била соединета со самиот нејзин живот, работа и грижата за другите. Нејзината внатрешна тишина била богатство, полнина и контемплација.
И ние денес да ја замолиме да ни подели внатрешна собраност која ни е потребна за да го видиме Бог и да влеземе во близок однос со Него, сфаќајќи колку е близок и во нашиот живот.
Ова медитација е краток извадок од секојдневните медитации кои во целост се наоѓаат во книгата на Франциска Карвајала: Разговор со Бог Том I(Пост-Божиќно време – Богојавление)/
Битно.нет/к.мк/ Д.И.